Денеска, своите мечеви од петтото, и последно коло на турнорот во Златибор ги одиграа екипите на ТФТ Моцарт односно битолски Пелистер
ЗЛАТИБОР – ПЕЛИСТЕР 76:84
Доста „лесни поени“ од контранапади, или игра во транзиција (дури 13), реализираа кошаркарите на Пелистер во првите 20.минути од играта, што резултираше и со преземање на водството и позитива од пет поени (36:31), на истекот на првото полувреме.
Период од играта во кој свои минути имаше Бернард (веќе реализираше десет поени), Планиниќ, кој постигна девет, Маслинко седум , а Мијовиќ и Лука Стојановски по четири.
Немаше многу големи резултатски одвојувања ни во текот на второто полувреме. По три одиграни четвртини, сеуште водеше Пелистер (58:54).
Но по петте поени поени на Стојачиќ, во круцијалните минути Златибор доде до плус од четири поени (76:72). Во доста драматични се претворија последните две и пол минути, откако Магдевски положи за (74:76).
Иста беше разликата (76:78) кога Бернард конечно беше „мирен“ од линијата за слободни фрлања. Имаше Златибор и позитива од (82:76) на 1:16 минути до крајот, „пелистерци“ останаа без „муниција“ кога беше најпотребно, па мораше да се помират со пораз.
Планиниќ дојде до ефект од 21.поен и седум скока, Бернард имаше 16 (шест асистенции и пет скока), Мијовиќ 12, а Маслинко уште 11 поени (и осум скока за екипата од Битола која е на скор (2-3) по пет одиграни мечеви во регионалната лига.
ТФТ МОЦАРТ – ХЕЛИОС 63:70
Екипата од Тафталиџе загуби од словенечкиот Хелиос, макар што избраниците на тренерот Боро Смилковски одиграа одлично прво полувреме, но не успеаја да го задржат темпото и играта во второто, особено во завршните четири минути.
По стартната негатива од (17:20), кошаркарите на ТФТ Моцарт го свртеа резултатот во своја корист во вторатѕа. И на полувремето водеа со сосема солидни (40:33).
Но, за жал, тоа беше се од нашиот претставник во овој меч. ТФТ постигна само десет поени во третиот период, нешто „подобри“ беа кошаркарите во „црна-бела“ комбинација во решавачката, која Хелиос, особено во оние последни четири, одигра паметно, смирено, и ефикасно.
Симонс со 21, и Ташовски со 12 поени беа и најефиаксните играчи на ТФТ Моцарт на разделбата со Златибор, а нашиоѕ тим има скормни (1-4) по завршувањето на вториот „балон“ во регионалната конкуренција, онаа второлигашката.
Следниот собир на ова друштво е закажан за третата седмица од декември, во Шибеник, каде ќе се одиграат уште две кола (шесто и седмо)