Екипата на Пелистер не ја искористи првата шанса да се најде и дефинитивно во најдобрите осум екипи од регионалното натпреварување кои ќе одлучуваат која од нив, догодина, ќе игра во друштвото на најдобрите, во АБА лигата.
Вечерва, подобри од нив беа кошаркарите на Крка...
ПЕЛИСТЕР – КРКА 88:102
Дефанзивата беше сериозен проблем за екипата на Пелистер. Од самиот старт на натпреварот битолчани никако не успеваа да ја наместат одбраната. „Зелено-белите“ од Ново Место имаа сјаен „влез“ во мечот во кој победникот скоро сигурно обезбедува пласман во плеј-офот од АБА 2 лигата.
Без вистински решенија беа битолските „бело-зелени“ за играта на Мацура и Шкедељ во тој прв период, а потоа и против искусните Стипчевиќ и Јурковиќ.
Неверојатно изгледаа оние 36 примени поени на Пелистер во првите десет минути во кои патем речено, дадоа десет помалку.
Во втората четвртина во која Крка поведе и со уште повисоки (46:29). Но нашиот тим споро, и нешто посигурно се враќаше кон нешто пониска негатива. „Пелистерци“ намалија на -10, (41:51), но не направија ништо повеќе до тоа до одморот.
За кратко време Крка се врати на високи (59:45), за полувремето да заврши со нешто пониска разлика (60:47).
Лошо играа битолчани на оваа средба, за нив прва во „балонот“ во Широки Бријег. По одморот, имаа и офанзивни проблеми, тешко поентираа, а така не се стигнува(ше) и онака високата негатива. По три одиграни четвртини, Словенците го бранеа водството (84:67).
На крајот, Хаџифејзовиќ постигна 23, Маслинко 21. поен, а „двоцифрени“ во нашата екипа беа уште Карпентер и Карутерс кои имаа по 13 реализации.
Веројатно пресудниот меч за место во првата „осумка“ и учество на финалниот турнир во Домжале, Пелистер ќе го има за неполни два дена, на 9. март, од 12. часот, кога ќе игра против Слога од Краљево.
Утре вечер, од 21. часот, ТФТ го игра мечот од 12. коло, а за противник ја има екипата на Борац од Бања Лука.