06.02.2022

Битолчани одиграа одлично, уште во раната фаза направија комотна предност коај ја претворија во победа над Младост од Земун (99:83)

АБА 2 ЛИГА: Пелистер ја запиша втората победа

Во Бања Лука стартуваше четвртиот „балон“ во АБА 2 лигата. Кошаркарите на Пелистер заиграа во авој стил, лидерски, ефикасно од самиот почеток, успехот беше неминовен

ПЕЛИСТЕР – МЛАДОСТ ЗЕМУН            99:83

Повеќе од задоволувачки почеток имаа „пелистерци“ на првиот од трите предвидени натпревари кои треба да ги одиграат на теренот во спортската сала во Бања Лука.

Во свој стил, ефикасно, ги одработија првите десет минути во кои реализираа дури 31. поен. Примија многу помалку, само 18, и се стекнаа со повеќе од солидна предност која до крајот на полувремто дури и ја зголемија.

На одморот „зелено-белите“ водеа со (55:36), што беше најава дек „тука некаде“ е и вториот триумф во сеоната во оваа регионална конкуренција.

А Игор Кесар со 24 реализации (18 во првата четвртина) потврди дека е еден од најдобрите, но и најстандарден играч во изборот на тренерот Марјан Илиевски и во оваа сезона.  

Во продолжението на играта, еден од фаворитте за висок пласман, успеа да симне дел од таа висока негатива. Застанаа малку битолчани, пред сè во нападот, па Младост Земун здивна, и намали на (60:74), пред стартот на финалната четвртина од играта.

На почетокот од тој дел од играта Пелистер направи мини серија од (9-4) со што уште повеќе се одалечи од противникот. Имаше високи (83:64). А што е поваќно, Кесар доби одлична поентерска „логистика“ која ја сочинуваа малешевиќ, Хаутон и новакот Николиќ, кои завршија со двоцифрен број на реализации. А ова беше втората победа за Пелистер во осум одиграни кола од оваа регионална конкуреција. 

Утре, од 15. часот, на истото место, кошаркарите на МЗТ Скопје го играат својот прв меч на турнирот во Бања Лука. Противник им е екипата на Сутјеска од Никшиќ.