21.12.2022

Теодор Симиќ и неговиот Борац од Бања Лука, ги запреа кошаркарите на Пелистер, победија со убедливи (89:67)

АБА 2 ЛИГА: Пелистер не продолжи победнички на Златибор...

Кошаркарите на Пелистер го одиграа својот шест натпревар во регионаната конкуренција,. Пред себе имаа еден квалитетен противник, со ист скор на табелата во претходните два „балони“ (4-1). И кој беше подобар ривал во текот на сите 40.минути.

ПЕЛИСТЕР – БОРАЦ         67:89

А на својот прв натпревар на Златибор, каде претходно запишаа добри резултати, битолчани беа во резултатско заостанување од самиот почеток. Екипата од Бања Лука имаше подобро „отварање“ на дуелот кои се во горниот дел од табелата во АБА 2 лигата.

На истекот на десет минути, Борац имаше плус од шест поени (22:16), и покрај  одличната игра на Хаџифејзовиќ, особено во оние напаѓачки активности.

Во уводот на втората, односно четири одиграни минути, екипата од Република Српска оствари и двоцифрен вишок (33:23). Стајиќ и Карпентер беа поентерска поддршка на Хаџифејзовиќ во тој дел од играта. Реализираа по седум односно шест поени. За намалување на предноста на противникот (29:35). Но евидентно, недостасуваа поените на Мустафица (без реализација во 15.минути).

Тоа беше сериозно видливо и на резултатот во првото полувреме кое тимот за кој настапува нашиот млад репрезентативец Теодор Симиќ го затвори со уште повисоко водство, дури од 16.поени (48:32).

Дваесет минути во кои битолчани рамномерно поделија по 16.поени во четвртина. Но со низок процент на реализација од поле (само 26% за два и уште пониски 20%  во обидите за два поени).

Наместо подобра игра, во продолжението, потполно играчко „закочување“ на Пелистер. Кризните минути во играта на битолчани, противникот ги искористи максимално, доволно за да направи недостижна разлика. На истекот на третиот период Борац изгради недостижни (77:48), па онаа последната се претвори во обична формалност, за двете екипи.

Во онаа победничката, свој играчки удел имаше и Теодор Симиќ. Репрезентативниот центар одигра скоро 19.минути во кои реализираше девет поени (4/6 за два и 1/1 за еден поен), додаде и пет скока, една блокада, една асистенција и две загубени топки. Кај Пелистер, Карутерс финишираше со 19.поени, Хаџифејзовиќ со 15, а Карпентер додаде десет поени.

По шест кола во регионалното натпреварување, Пелистер има скор (4-2).

Следното седмо коло, кое стартува утре, од 15.часот, ќе го отворат екипите на ТФТ и на сараевски Спарс.