23.03.2024

Во решавачкиот меч за пласман до осмото место, лидерот Спартак беше подобар од „пелистерци“ (88:81)

АБА 2 ЛИГА: Пелистер не успеа, нема да игра во плеј-офот

Кошаркарите на Пелистер нема да играат во плеј-офот на АБА 2 лигата откако во последното 13. коло, денеска, не успеаја да го изненадат првопласираниот тим на табелата, Спартак од Суботица. И со ефект од пет победи и девет порази се најдоа под „линијата“, односно под осумте екипи кои ќе бидат дел од доигрувањето за пласман во АБА лигата

ПЕЛИСТЕР – СПАРТАК     81:88

По изедначената прва четвртина која сепак ја доби екипата од Суботица, со минимални (18:16), работите се сменија во онаа наредната. Фаворитот за место во АБА лигата одигра скоро перфектна четвртина. Во вторите десет минути Спартка направи двојно повеќе во однос на екипата од Битола. Парцијално ја доби со повеќе од убедливи (2915), за веќе на полувремето има голема предност (47:31).

Но тоа не беше знак за предавање на „пелистерци“, напротив...

По одморот, „зелено-белите“ заиграа многу подобро, особено во фазата на нападот, што резултираше и со анулирање на поголем дел од високата негатива. Во последниот и период на одлука, Пелистер тргна со заостанување од само шест поени (60:66).

Но тоа беше се од битолчани за оваа натпреврувачка сезона во АБА 2 лигата. Фаворитот успеа да се одбрани од тој сериозен обид на Пелистер, стигна до победата, која во исто време е и потврда на позицијата број 1 од која тимот од Суботица ќе стартува во доигрувањето.

На оваа средба , последна за нашиот претставник во оваа сезона, Магдевски реализираше 24.поени, Планиниќ имаше двоен ефект од 17. поени, 14. скока и плус 4. асистенции. Двоен ефект, односно 11. поени и 10. скока оствари и Маслинко, Мијовиќ дополни со 13, а Најт со уште 10.поени.