30.10.2024

Битолчани загубија дома од сомборски Џокер (77:81) и си ги намалија шансите за пласман во ТОП 8 фазата од регионалното натпреварување

АБА 2 ЛИГА: Пелистер немаше „џокер“ во ракавот, има се помалку шанси за премин во следниот круг

Едно добро одиграно полувреме, она првото, не им беше доволно на кошаркарит ена Пелистер да ја одбранат предноста на домашниот терен во дуелот со српскиот претставник Џокер од Сомбор. Запишаа „зелено-белите“ и втор пораз во три одиграни мечеви од првиот дел од натпреварите во АБА 2 лигата, кој значително им го отежнува патот кон онаа наредната...

ПЕЛИСТЕР – ЏОКЕР     77:81

Домашната екипа го имаше водството во текот на првото полувреме, не високо, но постојано. По 20.минути од играта во салата „Боро Чурлевски“, Пелистер водеше со резултат (38:35).

Но некако се почна да се менува од почетокот на третиот период. Третата четвртина во целост им припадна на гостите од Сомбор, ја решија во своја корист со (25:16), и згора на тоа го преземаа водството.

Во тој најефикасен дел екипата на Џокер се стекна со повеќе од солидна предност (60:54). Негативата за нашиот претставник беше и двоцифрена.

На почетокт тна последниот период, Џокер поведе и со (64:54), потоа и повисоки (66:55).

Но „пелистерци“ немаа намера така лесно да се предадат. Со своја контра-серија од (10-2), по 35.минути од играта дојдоа до само едне посед заостанување, (65:68).

По поените на Едвардс, Пелистер имаше слична негатива (71:75), но само уште 1:13 минута за комплетен пресврт. Но не успеаја да се одбранат избраниците на тренерот Александар Петровиќ во последната минута во која Џокер не ја даде предноста која ја стекна во второто полувреме, и сосема заслужено да додје до третата победа во исто толку одиграни мечеви во оваа почетна, групна фаза од натпреварувањето во АБА 2 конкуренцијата.

Едвардс оствари дабл-дабл учинок, беше стрелец на 18.поени (имаше и 10.скока) за нашиот претставник, Мишковиќ реализираше 16.поени, Стајиќ додаде уште 12, а Антоан даде 11.

Двете екипи ќе одиграат уште еден натпревар од оваа „Ц“ група, но овој пат во Сомбор. Закажан е за 12.ноември.