Третото коло од АБА 2 лигата го одбележа дуелот помеѓу двата наши претставници. За разлика од домашниот шампионат, во регионалата лига МЗТ Скопје Аеродром е далеку поискусен, поконкурентен ривал во однос на екипата од Битола.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 80:64
Неверојатно прво полувреме одиграа двете наши екипи во регионалното натпреварување.
Во првата четвртина беше видена доминација на Пелистер, екипата која уште во рамата фаза од мечот во Осијек, се стекна со двоцифрена предност, која во 10. минута беше намалена на (26:18).
Но во онаа наредната, неверојатни десет минути на „бело-сините“. Предводени од изворедниот Милошевиќ, „металците“ направија серија од (20-0), за резултатски, а многу повеќе играчки пресврт на македонското дерби.
МЗТ Скопје Аеродром поведе со (38:26), но тука четата на Дарко Радуловиќ не застана. До истекот на првото полувреме „побегнаа“ на уште поголеми (51:38), а својот одличен настап во тој дел од играта Милошевиќ го заокружи со изворедни 22.поени.
Во второто полувреме, играта се претвори во изедначена. МЗТ Скопје Аеродром го контролираше резултатот. Во ниту еден момент Пелистер не успеа да се симне на достижна разлика. Во 29.минута, битолчани одново имаа едноцифрен минус (52:60).
Но со четири поени по ред, екипата од Аеродром одново имаше комотни (64:62) со кои се влезе во четвртината која овојпат не решаваше многу, туку даде потврда на триумфот на екипата со многу поголемо искуство од играње во ова регионално натпреварување.
Милошевиќ „закочи“ на бројката од 29.поени (и шест скока), а двоен број на поени имаа Вер (13), Крстевски (12) и Дејвис (10.поени). Кај Пелистер, Малешевиќ и Кесар постигнаа по 15.поени.
По три одиграни кола, МЗТ Скопје Аеродорм има ефект (2-1), а Пелистер (1-2).
Во наредното, 4. коло, на 12. ноември (од 18.часот), екипата од Аеродром ја чека дуел против Вредноснице Осијек. Неколку часа порано, од 15.часот, „зелено-белите“ од Битола играат против екипата на Војводина од Нови Сад.