Кошаркарите на Пелистер го одиграа својот втор натпревар на „балонот“ во Златибор. Противник им беше словенечкиот состав Шенчур. За да го победата, им беше потребна една силна четвртина, втората, во која направија предност, која иако со доста осцилирање, ја сочуваа, за втор успех на првиот турнир од АБА 2 лигата во новата сезона.
ПЕЛИСТЕР – ШЕНЧУР 71:67
Словенците подобро почнаа, во раната фаза на првата четвртина обезбедија солидно водство (16:9). Но „пелистерци“ брзо се вратија, со пет поени по ред, за тој прв дел Шенчур го добие со (20:17).
Но затоа пак оној вториот беше резервиран за екипата од Битола. Заиграа многу подобро во дефанзивата избраниците на Марјан Илиевски. Проработе и нападот, и тоа донесе промена на водството.
До полувремето Пелистер изгради сосема солидни (39:32).
Со добро функционирање на двоецот Хаџифејзовиќ-Мустафица, на кои сосоема коретно, особено во напаѓачките активности им асистираа и Карутерс и Сапунџиев (двајцата по девет поени).
На почетокот на второто полувреме, екипата од Битола имаше и повисоки (43:34). Не никако не успеваа „бело-зелените“ да го скршат отпорот на екипата-дебитант во регионалното натпреварување. Постојано Шенчур беше „тука некаде“, блиску до егал скор. Но до истекот на 30.минута, не успеаја да ги реализираат таквите планови.
Со поените на Карутерс (вкупно 11), Пелистер го затвори третиот период со водство од (55:51). Она што го „бркаа“ во третиот, „гостите“ го стигнаа во првите две минути од последниот период. Ја отворија четвртината на одлука со пет поени без одговор од противникот, поведоа со (56:55).
Дојде кога требаше, и тоа преку двајцата најдобри во Пелистер, Мустафица и Хаџифејзовиќ, кои брзо ја вратија „стандардната предност“. Имаа битолчани (62:56) по неполни четири минути од четвртата четвртина. Но не ја задржаа, влегоа во серија на грешки, противнккот го искористи за нов „минималец“ (65:64), резултат со кој се влезе во последните две минути.
Во нив, одличниот Сапунџиев погоди за (66:65), потоа и Караџовски погоди за (68:67), а од линијата за слободни фрлања и за (69:67). А од истата позиција, победата ја потврди Јовановски.
Втора за Пелистер на првиот турнир од АБА 2 лигата одигран на Златибор.