18.12.2023

Домаќинот на турнирот, екипата на Широки, имаше одлични 20. минути во кои стигна до победата (75:66)

АБА 2 ЛИГА: Пелистер „падна“ во второто полувреме

Едно добро одработено полувреме, она првото, не им беше доволно на битолчани да дојдат до планираната цел во дуелот со организаторот на „балонот“ број 3 од регионалното натпреварување...

ПЕЛИСТЕР – ШИРОКИ  66:75

Кошаркарите на Пелистер не успеаа да ја изненадат екипата-домаќин на третиот, по ред, турнир од оваа сезона во АБА 2 лигата – Широки.

Навистина имаа добра насока во првото полувреме, односно коректно водство кое го направија во вториот период од играта, (37:31).

Но во второто полувреме влегоа избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ во „празен од“, во кој многу тешко се снаоѓаа во фазата на нападот. А од друга страна, и противникот во голема мерка ја поправи ефикасноста.

Парцијално гледано, Пелистер ги загуби вторите 20.минути со скор (29:44), и тука некаде лежат и причините за неуспешниот старт на овој турнир во кој ќе одиграат уште еден натпревар. Во среда навечер, од 21.часот против екипата на Цедевита Јуниор.

На овој, во кој во записникот имаа само деветмина кошаркари, а ротацијата беше сведена на само шест, вредни за одбележување се оние 12. реализации кои ги имаа Магдевски и Мијовиќ, делумно и деветте поени кои дојдоа од Бернард и од Костоски.

Премалку за успех портив мотивираниот состав на Широки, и моментален скор од две победи и четири порази.

Утре, во истиот термин, 18.часот, во популарната „Пецара“, екипата на ТФТ Моцарт ќе игра против Сутјеска од Никшиќ, додека пак третиот наш претставник во ова натпреварување, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, својот натпревар од ова шесто коло го игра во во среда, од 15.часот, против уште еден ривал од Црна Гора – Подгорица.