Втор успех во серија за „пелистерци“. По неизвесниот дуел со Шибенка, одиграа уште еден сличен, против екипата на Хелиос, со ист епилог – победа!
ПЕЛИСТЕР – ХЕЛИОС 83:81
Овојпат за да дојдат до триумфот за нив четвртти во девет одиграни натпревари, не им требаше екстра период од пет минути. Макар што случувањата на теренот „најавуваа“ дека може да се случи и една таква ситуација.
Иако во последните две минути „пелистерци“ влегоа со предност од (81Ч77), крајот беше далеку. Најдобриот играч на Хелиос, Махковиќ не дозволи лесен финиш. Го донесе својот тим на само еден поен негатива (81:82).
Во оние преостанати дваесет секунди, прво Најт беше половичен од линијата за слободни фрлања, за (83:81). А токму Махковиќ имаше шанса да го однесе својот тим и до победа. Сепак, искусното крило не го погоди обидот за три поени, добро „затвори“ Маслинко, за радост на „зелено-белите“ кои сега се на скор (4-5), пред последниот натпревар за време на престојот во Нови Сад.
Во недела, од 12.часот, против екипата на Сутјеска.
А на овој меч, што може да го радува тренерот Дарко Радуловиќ, комплетна петорка на Пелистер заврши со десет и повеќе поени.
Ја предводеше Мијовиќ со 18.реализации, Маслинко имаше 16, Костоски 15, Магдевски додаде 14, а Планиниќ уште 11. поени.
По овој натпревар, од 18.часот, следува оној во кој нашиот претставник, екипата на МЗТ Скопје, игра против екипата на Шибенка.