Кошаркарите на Пелистер остануваат на една победа во регионалното натпреварување. Ниту во вториот обид во Сараево, не успеаја да го поправат ефектот кој го оставија во претходните два турнири од АБА 2 лигата.
Водечката екипа во ова натпреварување, Борац од Бања Лука се покажа како подобар ривал.
Беа подбри во првиот, убедливи и ефикасни во третиот квартал, доволно за продолжување на победничката серија.
ПЕЛИСТЕР – БОРАЦ 86:101
По 20 минути игра, Пелистер кој играше без тројца важни кошаркари како Ѓуроски, Караџовски и Хаутон, имаше водство против лидерот на табелата од (48:45). Но имаше и тројца поентерски расположени кошаркри. Малешевиќ реализираше 15, Кесар имаше 11, а Стајиќ 10. поени, во сосема солидното офанзивно издание на битолчани.
По не баш идеалниот почеток, и убедливото водство кое екипата од Бања Лука го реализираше во првите десет минути (28:19), „пелистерци“ заиграа како што и доликува на лидерска екипа во македонскиот шампионат, во втората четвртина.
Добро ги затворија приодите кон својот кош, и практично му „вратија“ на противникот за случувањата во првата четвртина. Доволно да направат и резултатски пресврт.
Битолчани го бранеа водството до 26.минута, кога Борац стигна до нерешени (63:63). А до истекот на третата четвртина, лидерската екипа во АБА 2 лигата испорача дури 30.поени, и дојде до веќе убедливи (75:66).
Беа и двоцифрени на истекот на третиот дел од играта, Борац имаше плус 10, (77:67).
За разлика од втората, во последната четвртина екипата од Битола не најде начин, ниту некоја дополнителна енергија да „се врати“ уште еднаш во игра за позитивен резултат.
Пелистер останува на една победа во сега веќе шест одиграни натпревари, два од нив во Сараево. Во третиот и последен во „балонот“ во главниот град на БиХ, закажан за 18.декември (сабота) од 12.часот, битолчани ќе играат против Златибор.
А утревечер, со почеток од 21.часот, МЗТ Скопје Аеродром ќе ги одмери силите со домаќинот на овој турнир, екипата на Спарс.