Кошаркарите на Пелистер со победа над екипата од Осијек го затворија својот втор настап на вториот „балон“ во АБА 2 лигата...
ПЕЛИСТЕР – ВРИЈЕДНОСНИЦЕ ОСИЈЕК 83:71
Кошаркарите од Битола имаа одличен финиш на овој за нив втор натпревар на турнирот во Сараево. По релативно изедначените три четвртини, „зелено-белите“ имаа навистинна добра завршница, која и им ја донесе втората победа во Сараево или четврттата во првите пет одиграни кола во регионалното натпреварување.
Пелистер направи компелтен „камбек“ во овој меч откако во последните десет минути направи „вишок“ од 15.поени (23-8), доволни за конечните (83:71).
А петмина кошаркари во четата на тренерот Марајн Илиевски финишираа како „двоцифрени“. Предводени од Сеад Хаџифејзовиќ, стрелец на 20.поени. Одлично во нападот одиграа и Караџовски со 17.поени, но и Карпентер (15), Мустафица(14) и Карутерс,кој дополни со десет. За одличен скор досега, три победи и еден пораз во пресрет на наредниот меч, во недела, против уште една екипа од Хрватска - Горица.
Од 21.часот, вечерва. кошаркарите на ТФТ ќе ја побараат својата прва победа во АБА 2 конкуренцијата. За противник ја имаат екипата на Слога од Краљево.