Во босанската престолнина се и двата македонска претставника, Пелистер излегува на терен денеска, а МЗТ Скопје Аеродром ќе има ден повеќе за одмор. Прв противник на битолчани, од 18 часот е Широки, додека шампионот утре, од 15 часот, се среќава со словенечкиот Хелиос Санс.
Во досегашните четири кола, МЗТ Скопје оствари три победи и се наоѓа на делба на втората позиција, токму со Хелиос, а Пелистер е претпоследен, со биланс 1/3.
Освен денешниот натпревар, лидерот на табелата во македонското првенство, в среда ќе игра против лидерот Борац Бања Лука, а в сабота со Златибор. МЗТ за противници ќе ги има уште Спарс и Ловќен.