Во четири кола, трет пораз за дебитантот во АБА 2 лигата. Кошаркарите на Пелистер имаа добро прво полувреме, но и очајна трета четвртина во која Војводина направи пресврт и се усмери кон победата.
ПЕЛИСТЕР – ВОЈВОДИНА 66:75
Екипата од Нови Сад ја имаше почетната предност. Поведе со (11:6), потоа и (18:12), но со серијата од (6-1) битолчани се вратија во мечот. На истекот на првата четвртина заостануваа еден поен (18:19).
Релативно израмнета беше и втората четвртина, иако во средишниот дел Војводина се стекна со највисоката предност (29:22). Но во рок од три минути, „пелистерци“, со голема помош од Малешевиќ (12.поени во првото полувреме), направија нова серија, сега од (13-2) со која дојдоа до посакуваниот пресврт. Поведоа со (33:31), а по осумиот поен на Хортон, го затворија полувремето со водство (39:36).
Почетокот на второто полувреме донесе нова промена на водството. „бело-црвените“ направија (11-4) за нивна нова солидна предност од (47:43). Лошиот напад им донесе само четири поени на битолчани во скоро пет минути од продолжението на средбата во Осијек.
Ниту оние наредни пет, не донесоа промени во играта на нашиот претставник. А новосаѓаните знаеја да го искористат тоа, побегнаа и на највисоки, двоцифрени (59:48) на истекот на периодот за заборав на „зелено-белите“. Оној во кој дадоа 9, а примија 23 поени.
Тешко се опоравија од тој удар избраниците на тренерот Марјан Илиевски. А и не можеше да биде поинаку ако се земе во предвид дека биеја со само 17% во шутот за три поени, а нешто подобри 54% од дистанца. И имаа само двајца, поентерски расположени кошаркари како Малешевиќ (12.поени, но само во првото полувреме) и Хаутон, со ист број на реализации.
Сепак, оние последни десет минути екипата од Битола ги стартуваше со (7-2) и надеж дека има простор за нови промени во резултатот. Во 35.минута беа на -5 (58:63). Но петте поени кои дојдоа од Бјелица на спротивната страна, ја вратија Војводина на двоцифрени (68:58) на четири минути пред крајот на натпреварот.
Па мораа да се помират со третиот пораз во четири одиграни натпревари од регионалното натпреварување.
Овој четвртти круг од натпреварите во АБА 2 конкуренцијата ќе го затворат МЗТ Скопје Аеродром и Вриједноснице Осијек, со натпреварот кој е закажан за вечерва. од18.часот