10.04.2024

„Металците“ имаа одлично второ полувреме во кое се изборија за голема предност (85:69) пред реваншот за седум дена

АБА 2 ЛИГА-ПЛЕЈ-ОФ: МЗТ Скопје ќе оди со „плус 16“ во Широки Бријег и место во полуфиналето

За прв пат, по доста долго време, кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа еден меч пред својата публика, а да не е од оние „домашните“.

Вечерва, аеродромци го одиграа првиот натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот во АБА 2 лигата. За противник имаа добро познат противник – екипата на Широки

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ШИРОКИ 85:69

Израмнето се играше во првите десет минути од овој четвртфинален дуел, првиот од двата предвидени помеѓу двата стари и добро познати ривали од оваа регионална конкуренција.

МЗТ Скопје Аеродром имаше минимална предност (18:17).

Но од почетокот на втората, гостите успеаја во обидите да ги свртат и играта и резултатот во своја корист. Во рок од неполни четири минути, направија добра серија од (13-4) и поведоа со солидни (30:22).

По тајм-аутот на тренерот Атанасов, домаќините, во голема мерка, по заслуга на расположениот Делалиќ, успеаја да се доближат, односно со своја мини-серија, да намалат на (30:33). Нешто потоа имаа и уште пониска негатива (36:38), за на полувремето Широки сепак да ја задржи предноста на својата страна (41:37).

На почетокот на второто, скопските „сино-бели“ влегоа во нова серија. Реализираа девет поени по ред, и конечно успеаја да имаат позитивен резултат. Сосема солидни (46:41), стекнати во нешто повеќе од три минути.

И не застана тука македонскиот шампион, напротив...

Ја продолжија серијата домашните кошаркари и на (17-4) по која стекнаа уште поголеми (54:45), момент од 26.минута. А тој дел од играта во СЦ „Јане Сандански“ финишираше со нешто пониска позитива за нашиот претставник во завршницата од АБА 2 лигата.

На почетокот на последата четвртина, односно три минути игра, гостите се доближија и на еден поен негатива (60:61).

А потоа тргнаа, веројатно и најдобрите седум минути во АБА 2 сезоната за „металците“.

Предводени од двоецот Војдан Стојановски-Делалиќ, МЗТ Скопје дојде до голем плус од 16.поени со кој за седум дена ќе тргне (уште еднаш во оваа сезона) во Широки Бријег каде ќе се бие втората битка за полуфинале.

В. Стојановски застана на 21.поен, но имаше и пет скока и четири додавања, Делалиќ го следеше со 17. Им се приклучија и Танасковиќ со 16.пени (и седум скока), односно Гилон, кој дополни со 11.поени (четири скока и три асистенции).

АБА 2 ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ПРВИ НАТПРЕВАРИ

МЗТ Скопје Аеродром – Широки       85:69

Подгорица - Златибор    113:89

Сутјеска – Војводина       84:89

Хелиос – Спартак  71:84

ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

16.04: Спартак - Хелиос

16.04: Златибор - Подгорица

17.04: Војводина - Сутјеска

17.04: Широки - МЗТ Скопје Аеродром