Освен изедначената игра во третата четвртина, сето останато беше на страната на македонскиот шампион на отворањето на новата сезона во АБА 2 лигата
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТЕОДО 68:50
МЗТ Скопје во Аеродром имаше успешен почеток на новата натпреваруваќка сезона во АБА 2 лигата. Новиот тим на „сино-белите“ исполнет со неколку нови играчи, но и повратници во скопската населба, прикажа добра игра, особено тоа се оцднесува на сегментот наречен одбрана.
Освен во третиот дел од играта, во оние преостанати три, македонскиот шампион покажа дека во овој момент е доста подобар во однос на екипата од тиват, па реалтивно лесно стигна до првиот триумф во групата „А“ од ова второ според квалитет натпреварување на јадранските простори.
Аеродромци имаа одличен почеток во кој стигнаа до солидно водство (21:13), кое до полувремето го претворија во уште повисоки (35:24).
Црногорците се заканија само во воведните минути на второто полувреме, оние во кои се доближија до негатива од само пет поени (30:35).
Но со серијата (9-0), која со тројка ја отвори Маслинко, МЗТ Скопје за само три минути ги врати работите во онаа константа од првото полувреме. Поведе тимот на тренерот Васко Атанасов со (44:30).
Доволно за доста порелаксирана игра до крајот на премиерниот меч во СЦ „Јане Сандански“ а во кој В. Стојановски реализираше 13, а Баковиќ 12.поени, Маслинко заврши со девет реализации.
Во наредното, второ, коло, на 10.октомври, „сино-белите“ патуваат за Загреб, каде ги чека дуелот против екипата на Цедевита Јуниор.