На последниот натпревар од престојот во Бања Лука, кошаркарите на Пелистер додадоа уште еден минус. Поразени се од екипата на Подгорица koja два дена порано, загуби минимално од вториот македонски претставник во регионалното натпреварување - МЗТ Скопје Аеродром. По десет одиграни кола битолчани се на ефект (2-8).
ПОДГОРИЦА – ПЕЛИСТЕР 79:67
Екипата од Подгорица имаше подобар почеток. Брзо, за неполни шет минути од играта направија двоцифрена предност од (13-2), разлика која успеаја да ја сочуваат до истекот на 10.минута (22:17).
Имаа кошаркарите од главниот град на Црна Гора и уште повисоки (32:24), кои го натераа тренерот на „пелистерци“, Марјан Илиевски да повика тајм- аут по само четири минута од втората четвртина.
Во преостанатиот дел, до истекот на првото полувреме, „зелените анулираа дел од таа негатива, стигнаа до -5, (33:38). А Малешевиќ со десет поени, беше првиот играч со двоцифрен број на реализации, додека на другата страна, далеку напред, со 14 поени беше младиот Чарапиќ.
По тројката на Младеновиќ, во 26.минута, битолчани дојдоа на само „пола кош“ негатива (48:49). Но само за кратко, затоа што до крајот на тој трет дел од играта противникот одново се одвои, сега на (59:52).
Нивната предност беше уште поголема, по серијата (10-3), за (69:55) нa нецели пет минути пред крајот.
Недостижна за „пелистерци“ кои својот престој во Бања Лука го завршуваат со негативен ефект. Една победа и два порази, и моментален скор (2-8), со кој се при дното на табелата во јадранското натпреварување.
Малешевиќ финишираше со 17.поени, додека пак втор, и за жал последен, со двоцифрен број на поени кај „зелено-белите“ беше Николиќ кој имаше 11.реализации.
Утре, од 11. часот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе го затворат својот настап на турнирот во Бања Лука. Противник во 10.коло од АБА 2 конкуренцијата ќе им биде екипата на Војводина од Нови Сад.