26.09.2024

Екипата на Сутјеска беше доста подобар ривал од Работнички славеше во СРЦ „Кале“ со убедливи (71:58)

АБА 2 ЛИГА: Пораз за Работнички на отворањето на јадранската сезона

Кошаркарите на Работнички со пораз од Сутјеска го отворија своето патување на Јадранот, односно враќањето во АБА 2 конкуренцијата

РАБОТНИЧКИ – СУТЈЕСКА        58:71

Екипата од Никшиќ, која од клупата ја предводи поранешниот селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, беше многу подобар противник од „црвено-белите“.

Во релативно изедначената премиерна четвртина (16:22), се чини дека домашмната екипа „потона“ во онаа наредната. Во вториот период од играта, Сутјеска направи убедлива предност. Почетните (22:16), до полувремето ги претвори во недостижни (37:21).

Без особени промени се играше во продолжението, во кое всушност продолжи доминацијата на црногорскиот претставник, кој по три одиграни четвртини практично и ја потврди првата победа во АБА 2 лигата. Имаа гостите водство од 25.поени,  (61:36).

Во бледото издание на Работнички, делумно поправено во последните десет минути од премиерата, новакот Робев даде 13.поени, уште еден нов играч, Јовичиќ, дојде до 12, додека Полутак застана на десет реализации.

Во наредното, второ, коло, на 8.октомври, „црвено-белите“ патуваат во Нови Сад, каде ги чека дуелот против екипата на Војводина, еден од топ фаворитите за пласмaн во АБА лигата.