11.03.2023

Битолчани ќе играат во плеј-офот, а ТФТ ќе чека друга шанса за играње во регионалното натпреварување.

АБА 2 ЛИГА: Порази за ТФТ и Пелистер на крајот на регуларниот дел

Со порази во последното, 13. коло ги завршија своите настапи нашите два претставници во АБА 2 лигата.

Прво, ТФТ запиша убедлив пораз во дуелот со лидерот во овој регуларен дел од сезоната, екипата на Хелиос Нешто подоцна, Пелистер загуби од Подгорица, директниот конкурент за што повисок пласман по 13 одиграни кола.

ХЕЛИОС –ТФТ         93:61

Екипата на ТФТ беше рамноправен ривал само во првото полувреме. Односно 20. минути во кои словенечкиот претставник и лидер во оваа сезона, не успеа да направи некоја позначајна предност против тимот во кој недостасуваа(т) дури шестмина стандардни првотимци.

На полувремето, ТФТ имаше прифатливи (40:39).

Но се отиде во друга, крајно негатива насока за „црно-белите“, по одморот. За само десет минути, Хелиос направи вишок од 15 поени (24-9) и го реши прашањето околу победникот. Оние последните беа дефинитивна потврда дека екипата од Домжале со право е топ-фаворит за пласман во АБА лигата на турнирот кој од 12. до 16.април ќе се игра во нивната сала.

Во последниот натпревар од оваа сезона во АБА 2 лигата, Батрик реализираше 20 поени, имаше и осум скока, како и по две асистенции и и освоени топки, Ташовски го испрати со 13. реализации, а Костоски даде уште десет (плус и пет успешни додавања).

ТФт го заврши своето прво учество во ова натпреварување со ефект од три победи и десет порази.

ПЕЛИСТЕР – ПОДГОРИЦА         84:97

Кошаркарите на Пелистер имаа одличен почеток, десет минути од играта во кој дојдоа и до десет поени предност (28:18).

Но тоа беше и најдоброто од составот кој го предводи тренерот Марјан Илиевски. До полувремето екипата од Подгорица „симна“ добар дел од двоцифрената негатива (43:47), а по одморот го сврте резултатот во своја полза (68:66).

„Пелистерци“ останаа без одговор во четвртината на одлука. Особено слаби беа во дефанзивните задачи. Му дозволија на противникот да реализира 29. поени. Дадоа само 18, па мораше да се помират со шестиот неуспех во 13. одиграни мечеви во овој регуларен дел од сезоната.

Поразот од директниот конкурент го стави (привремено) составот од Битола на седмото место на табеата во пресрет на дуелот Сутјеска-Слога Краљево кој треба да го даде и осмиот учесник во доигрувањето, односно плеј-офот.

Во зависност од исходот на тој меч ( се игра вечерва) Пелистер ќе се надева на седмата позиција (победа на екиата од Краљево), а ја има осигурано осмата која за ривал во четвртфиналето им го носи и најдобриот во регуларниот дел – домаќинот на завршниот турнир, Хелиос од Домжале.

На овие последни 40 минути од првата фаза, Карпентер реализираше 24. поени, и тоа во само нецели 19 минути поминати на теренот. Повратникот во екипата, Силаџи заврши со 20, а десет дојдоа од Сапунџиев.