Иако сеуште не е завршен третиот, познати се местото и датумите на одигрување на четврттиот и последен „балон“ кој го организира менаџментот на АБА 2 лигата.
Ќе биде во периодот од 22. до 28. март, а како локација одново ќе биде Златибор. Односно Чајетина, каде и почна оваа доста изменета сезона во ова регионално натпреварување.
Во овој последен „балон“ од регуларниот дел, ќе се играат натпреварите од 11, 12 и 13. коло, по што ќе бидат познати осумте екипи кои ќе учествуваат во плеј-офот. Но и оние четири кои ќе се борат за опстанок, во т.н. „бараж“ (екипите кои ќе завршат од 11. до 14. место на табелата).
Од порано е познато дека екипата на МЗТ Скопје Аеродром треба да игра против: Спарс (на 22.март од 21.часот), Горица (25.март од 13.часот), и Златибор (28.март од 13.часот).
Работнички го чекаат мечевите со: Борац Бања Лука (23.мает од 21.часот), Хелиос Санс (25.март од 21.часот), и на крајот од првата фаза со Слобода Ужице (28.март од 17.часот).