17.09.2021

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе играат меѓу себе во третото коло од новата сезона

АБА 2 ЛИГА: Познат распоредот, календарот и организаторите на „балоните“

Македонските екипи МЗТ Скопје и Пелистер го дознаа распоредот за новата сезона во АБА2-лигата.

Во исто време се објавени и градовите-организатори каде што во новата натпреварувачка сезона ќе се играат петте турнири, на кои спроед предвидениот план, ќе се играат по две односно три кола.

Македонското дерби помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, ќе се случи во третото коло, кое ќе се одигра во склоп на вториот турнир кој ќе се одржи во хрватскиот град Осијек (8-12 ноември).

Првите две рунди од ова натпреварување ќе бидат на Златибор. И тоа од 10. до 14. октомври, во кои МЗТ Скопје Аеродром ќе ги одмери силите со Младост и Рогашка, додека Пелистер ќе дебитира против Ловќен, а потоа ќе игра против Сутјеска.

Оваа сезона исто како и минатата, ќе се игра еднокружно, по што првите осум екипи ќе се пласираат во плејофот, каде што ќе се игра според „Фајнал ејт“-турнир на една средба а град домашин ќе биде белград.

Претходно, во регуларниот дел од сезоната, третиот турнир ќе се игра во Сараево (13-19 декември), потоа следуваат и турнирите во Бања Лука (17-23. јануари) и Широки Бријег (21-27. март).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО АБА 2 ЛИГАТА

1. КОЛО

МЗТ Скопје А. – Младост Земун

Ловќен - Пелистер

2. КОЛО

Рогашка – МЗТ Скопје А.

Пелистер - Сутјеска

3. КОЛО

МЗТ Скопје А. - Пелистер

4. КОЛО

Осијек – МЗТ Скопје А.

Пелистер - Војводина

5. КОЛО

МЗТ Скопје А. – Хелиос

Широки - Пелистер

6. КОЛО

Спарс – МЗТ Скопје А.

Пелистер – Борац БЛ

7. КОЛО

МЗТ Скопје А. – Ловќен

Златибор - Пелистер

8. КОЛО

Пелистер – Младост

Сутјеска – МЗТ Скопје А.

9. КОЛО

МЗТ Скопје А. – Подгорица

Рогашка - Пелистер

10. КОЛО

Подгорица – Пелистер

МЗТ Скопје А. - Војводина

11. КОЛО

Широки – МЗТ Скопје А.

Пелистер - Осијек

12. КОЛО

Хелиос – Пелистер

МЗТ Скопје А. – Борац БЛ

13. КОЛО

Златибор – МЗТ Скопје А.

Пелистер - Спарс