По пауза од една сезона, кошаркарите на ТФТ се вратија во натпреварите од втората Јадранска лига. А премиерното гостување во новата сезона во АБА 2 лигатa, го имаа во Крагујевац, каде за противник, вечерва, ја имаа, и ја совладаа екипата на Раднички.
РАДНИЧКИ – ТФТ 78:84
Домашната екипа имаше подобри период во првото полувреме. По стартните (23:22), Раднички почна да ја зголемува предноста на почетокот на втората четвртина. Во таа фаза екипата од Крагујевац се стекна со предност од осум поени (34:26), како што беше резултатот по четири минути игра од тој дел. Две минути подоцна домаќините имаа и двоцифрено водство (37:27), нешто потоа и (39:29), за до истекот на полувремето ТФТ намали дел до негативата (37:44).

А потоа „експлозија“ на „црно-белите“ во третата четвртина. Неверојатно ефикасна за нашиот претставник, во која избраниците на тренерот Боро Смилковски реализираа дури 31.поен. И повеќе од доволно за да ја преземат и резултатската контрола над мечот во салата „Језеро“.
По 30.минути игра, ТФТ водеше со сосема солидни (68:60).
Ја имаа таа позитива кошаркарите на ТФТ се до финалните две минути во кои му дозволија на ривалот да се понадева на пресврт во нивна корист. На 1:55 минути пред крајот, намали Раднички на само еден посед заостанување (75:78).
Но, кога беше најпотребно се „појавија“, прво Зафиров, за (80:75), а потоа и Дејвис, кој со четири поени по ред обезбеди недостижни (82:75).

Токму Дејвис, со 24. реализации (и четири скока), беше најефикасниот играч на ТФТ, Гордон го следеше со 13 (и осум скока), додека Самервил го заврши мечот со 10.поени (и шест скока).