28.03.2021

Работнички беше подобар од тимот од Ужице (87:77), но не „побегна“ од баражот

АБА 2 ЛИГА: Работнички ја доби Слобода, но ќе игра за опстанок!

Да играа вака, сигурно е дека наместо во битка за опстанок, ќе играа во плеј-офот за титулата.

Вака трите службени загуби, и поразот со огромни 29.поени од Широки, го става Работнички на 13. позиција во регуларниот дел од АБА 2 лигата... И бараж дуели со екипата на Ловќен од Цетиње.

Во последниот натпревар од „балонот“ на Златибор, кошаркарите на Работнички се сретнаа со екипата на Слобода од Ужице. Славеа убедливо, но тоа треба само да ја подигне самодовербата во тимот кој го предводи Димитар Мираковски во бараж-мечевите во ова регионално натпреварување.

РАБОТНИЧКИ – СЛОБОДА УЖИЦЕ     87:77

После одлично одиграната прва четвртина во која стекнаа високо водство (27-16), екипата на Слобода ги даде првите шест поени во втората. За намалување на едноцифрената негатива (22:27), момент кој со минута одмор сакаше да го премине, но не успеа, Димитар Мираковски.

Долго време остана Работнички без поени. Како да ја изгубија концепцијата во нападот „црвено-белите“ при преминот помеѓу првата и втората четвртина. По скоро пет минути празен од, за три погоди Торнтон.

Доста сиромашна, со поени, беше таа втора четвртина,во која по поентирањето на Младеновски, Работнички одржа водство од седум поени (35:28) по 18.минути од играта. По „два плус еден“ играта на Питс, Работнички ја врати предност од првата четвртина (40:28). А тој период на добро играње (вториот во четвртината) со уште една тројка го круниса Бундовиќ, за највисока предност воопшто во првото полувреме (45:32).

Млaденовски со 15, и Торнтон со 13, и даваа поентерски тон на играта во која подоцна се „вклучија“ и Питс и Бундовиќ, претхoдно и Мулалиќ.

Имаше нашиот тим и плус од 20.поени (60:40) по неговата соло-шутерска партитура во третата четвртина, која финишираше со уште повисоки (67:46) за тимот од „Градски парк“ кој ја најави, а подоцна и реализира и петтата победа во премиерното појавување во оваа конкуренција.

Пет од осумте порази дојдоа на терен, три од нив беа службено загубени, откако поради проблемите со корона вирусот, не отпатуваа на турнирот во Бања Лука. 

Во кругот на екипи кои завршија со ефект (5-8), Широки, Горица, Ловќен и Работнички, нашата екипа има најлош меѓусебен скор. Доволно за 11. позиција на табелата во АБА 2 лигата која не означува и опстанок во оваа конкуренција.

За да играат во ова натпреварување и во наредната сезона, ќе треба да бидат една од двете екипи кои преку бараж-натпреварите ќе бркаат опстанок. Поточно, во два натпревари треба да бидат подобри од екипата на Хелиос од Домжале која завршува на 14.позиција.