25.03.2021

Работнички стигна до минимална, но многу важна победа (67:66), која дава можност да не игра бараж за опстанок

АБА 2 ЛИГА: Работнички ја одбрани честа, Младеновски и Бундовиќ силни против Хелиос!

Драматичен финиш и среќен крај за екипата на Работнички во натпреварот пд 12.коло од АБА 2 конкуренцијата против екипата на Хелиос од Домжале. Во меч со голем број на резултатски промени, на крајот, и среќата беше на страната на „црвено-белите“. Останаа со еден поен предност пред словенечкиот претставник во регионалното натпреварување. 

Ако нешто радува освен бодовите, тоа дефинитивно е најдоброто издание на Љубомир Младеновски во сезоната, одличната „логистика“ која ја доби од Бундовиќ, повремените блесоци на Мулалиќ, сето тоа доволно да се пополни големата „дупка“ во ростерот на тимот од „Градски Парк“.

ХЕЛИОС – РАБОТНИЧКИ             66:67

Резултатски, па и играчки сиромашна беше првата четвртина од овој натпревар. Двете екипи собраа едвај 26.поени во првите десет минути од играта. Два повеќе имаше Хелиос, кој поведе со (14:12).

Имаа Словенците и плус од шест поени (23:17) на почетокот на втората четвртина.

Но Младеновски добро го користеше слободниот „простор“ кој му се отвори со удвојувањето на противникот на Бундовиќ. Со помош на двете тројки од Мулалиќ, стигнаа до нерешени (25:25), а по поентирањето на Бундовиќ, тоа се претвори во серија, за водство (27:25) на 3:25 минути пред крајот на првото полувреме.

По заслуга на „трилингот“ Младеновски-Мулалиќ-Бундовиќ кој искомбинира 20 од тие 27.поени. А уште подобра беше ситуацијата за „црвено-белите“ што и Питс се врати во мечот. Со неговите пет врзани поени, Работнички поведе со (34:27).  

Таа предност тимот од „Градски Парк“ ја имаше и на одморот (38:31). Во голема мерка поради одличниот шут за три поени (6/9), одличната соработка помеѓу високите играчи, како Бундовиќ и Младеновски, и „појавувањето“ на Питс.

Во ист ритам беше натпреварот и во второто полувреме. Работнички маше предност, но доста често Хелиос ја стигнуваше, па и преминуваше во водство.

Во последните две минути, и двете екипи влегоа со по 63.поени. По тројката на Ферме, Младеновски одговори со четири поени (вкупно 20), за да го донесе својот тим во водство (67:66), на 1:15 минути пред крајот. А во нив не се смени ништо. Не погоди Тортон, не положи ни Махковиќ, па победата остана за Работнички, четврта во 12.мечеви.

Во голема мерка креирата со сјајното дабл-дабл издание на Младеновски од 20.поени и 14. Скока, ол-раунд ефект на Бундовиќ 21.поен, 6.скока и 4.асистенции, тројките и 12. поени од Мулалиќ.

Во последното коло од регуларниот дел, кошаркарите од „Градски парк“ ќе играат со екипата на Слобода Ужице. Натпревар кој е закажан за 28. март (недела), од 17. часот. А нешто порано, од 13.часот, вториот наш претставник во „балонот“ во Златибор, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе разигрува токму против екипата-домаќин – Златибор.