Нема крај на проблемите, нема крај на серијата на лоши резултати на Работнички во втората јадранска лига. Вечерва, нашиот најтрофеен клуб запиша уште еден, убедлив пораз, по кој се појасно е дека ќе мора да се бори за опстанок во една ваква конкуренција.
Ќе мора да игра плеј-аут, бараж, за да биде дел од ова друштво и во наредната сезона. Во ова а дебитантската, на турнирот на Златибор, им остануваат уште две шанси за „поправка на впечатокот“.
РАБОТНИЧКИ – БОРАЦ БАЊА ЛУКА 77:82
Работнички поведе со (9:5), но Борац брзо врати и имaше предност од (16:12) за таа прва четвртина ја добие екипата од Бања Лука со (20:17).
Во втората, по двете тројки, прво на Младеновиќ, а потоа и на Торнтон, како и „два плус еден играта“ на Младеновски, Работнички стигна до нерешен резултат. Во 17.минута беше (28:28). Но следуваше серија на Борац, и тоа од (10-0) со која во нецели две минити, одново се одвоија на висока разлика (38:28).
Но крaј на таа серија на избраниците на тренерот Драган Николиќ, како да немаше. Имаа уште повисоки (44:30), по серијата од (16-2) која ја урна самодовербата кај „црвено-белите“ од „Градски парк“.
Во последните четири минути од втората четвртина, парцијално, Борац направи (18-4), па не чуди високата предност на полувремето (48:32).
Продолжението не донесе „ништо ново“ во играта на двете екипи, особено македонската. Без доволен број на квалитетни играчи во ростерот, Работнички не беше конкурентен во вторите 20.минути. Во средина на третата четвртина Борац имаше и плус 20 (62:42).
На теренот во Златибор, малку беа оние кои веруваа дека Работнички може да се врати по втор пат на овој меч. Но Питс не мислеше така, напротив. Отвори американскиот плејмејкер серија по која Работнички стигна и до негатива од само четири поени (68:72). И шанса да се размислува за комплетен „камбек“. По неговиот 26.поен, нашиот тим беше и на -3 (70:73). На нецели четири минути до крајот.
Карактерот го донесе Работнички и до водство (77:76) на 1:06 минути пред псоледниот звук на сирената. Но еден од најмладите играчи на теренот, Танасковиќ, погоди тројка за водство (79:77) кое за жал храбрите момци на Мираковски не успеаја да го достигнат, па мораа да се поразат со уште еден пораз.
По овој пораз, вкупно осум во 11. одиграни натпревари, Работнички е на претпоследното место на табелата. Зад нов е само словенечкиот Хелиос со ефект (1-10), и скоро сигурно тимот кој го предводи Димитар Мираковски ќе игра во плеј-аутот, односно битка за опстанок во ова регионално натпреварување.
Во наредното, 12.коло, „центарци“ ќе играат токму против Хелиос. Натпреварот е закажан за 25.март (четврток) од 21.часот. Истиот ден, нешто порано, од 13.часот, вториот наш претставник во оваа конкуренција МЗТ Скопје Аеродром, ќе ги одмери силите со екипата на Горица.