МЗТ Скопје стигна и до втората победа во т.н. „балон“ кој оваа седмица се игра во Нови Сад. На доста полесен начин, против последнопласираната екипа на табелата во АБА 2 лигата, Шибенка.
МЗТ СКОПЈЕ – ШИБЕНКА 93:77
МЗТ Скопје имаше добар почеток, и уште подобро продолжение во првото полувреме. Ако во воведните десет минути, „бело-сините“ се стекнаа со водство од „само“ пет поени, сето тоа изгледаше уште подобро на крајот на втората. Реализираше македонскиот шампион дури 30.поени во тие десет минути, за на полувремето се стекнат со висока предност (55:37).
По оние 15. минути предвидени за одмор, аеродромци имаа „вишок“ и од 22.поени (59:37), по што следуваше пад во играта, кој Шибенка добро го искористи. Односно таа висока негатива да ја преполови, дури и повеќе од тоа. За кратко време направија серија од (14-2), за „само“ (51:61) и го запали алармот во редовите на нашиот претставник.
И стигна, за среќа, брзо, играчка реакција затоа шт ово оние четири минути до истекот на третиот дел, МЗТ Скопје се врати на она комотно водство. Односно плус од 24 поени, (79:55).
А потоа уште еден застој во играта на тимот кој го предводи тренерот Васко Атанасов. Шибенка направи и втора серија, сега од (11-2), за ново доближување, сега на (68:81) по 35 минути игра.
Но уште еднаш, како и во третата четвртина, нашиот тим најде решение како да го одбие и тој напад. Со брзи седум поени, се одвои на (88:70), за мирна завршница. И петта победа во девет мечеви, која ги става на петтото место на табелата во пресрет на третиот меч во новосадски СПЕНС, во недела од 18.часот, против домаќинот на овој собир – Војводина!
Дури шестмина кошаркари на МЗТ Скопје завршија како „двоцифрени“, Новакот Делалиќ најмнпгу – 16. Еден помалку имаа Баковиќ и Ворку, по 11 постигнаа В.Стојановски и Расел, а десет даде Танасковиќ.
Инаку, во сабота од 12.часот, својот десети натпревар во оваа конкуренција ќе го одигра екипата на ТФТ Моцарт, а противник им е словенечкиот Шенчур.