07.03.2021

Тимот од „Градски парк“ со катастофално второ полувреме во кое прими 71. поен, се збогува со шансите за плеј-офот (77:106)

АБА 2 ЛИГА: Широки го стави „во тесно“ Работнички

Играа добро во првото полувреме, дури и водеа... Очајно ја одиграа третата четвртина, и беа сурово казнети од противникот.

Широки ги искористи своите минути. Оние во третиот дел од играта, кога дадоа дури 41. поен, примија само 18, и практично ги елиминира тимот од „Градски парк“ од трката за плеј-офот во регионалното натпреварување.

ШИРОКИ – РАБОТНИЧКИ   106:77

Доста израмнет беше дуелот од самиот почеток. Ниту еден од двата ривали не успеа да обезбеди некоја конкретна предност.

Работнички имаше водство од (18:14) во првата четвттина, додека пак Широки ја имаше истата предност (31:27) во средината на втората.

Се играше доста тврдо, со мал број на постигнати кошеви. Широки се одвои на плус 6 (35:29), но само за момент. Затоа што уследија две тројки на Питс, за егал резултат (35:35).

Токму Питс со 16, и Балмазовиќ со 11.поени,  беа најефикасните играчи во Работнички. Екипа која со серијата од (8-0) која ја продолжи Бундовиќ, се врати во водство (37:35).

Во 20.минути, нашиот тим постигна дури осум тројки (од 14.обиди), четири од нив беа дело на Питс, што е и една од причините за минималната предност.

Лошо го отворија второто полувреме „црвено-белите“. Широки влезе во серија од (10-0) за ново водство од (45:37), по само 2:13 минути од продолжението кога тренерот Димитар Мираковски, очекувано, побара тајм-аут.  

Работите не одеа во корист на Работнички, напротив...

Но со шест поени по ред, Балмазовиќ го врати својот тим назад во игра (43:45).

За кратко, затоа што кошаркарите на Широки одговорија експресно, и за прв пат на мечот, стигнаа до двоцифрена предност (57:47) во средишниот дел на третата четвртина, кога Мираковски мораше да реагира уште еднаш за кратко време.  

Таа неверојатна шутерска четвртина, Широки ја затвори со дури 41.даден поен. Работнички даде само 18, за крај на надевањата дека може да биде дел од плеј-офот во АБА 2 лигата.  

Работнички го заврши своето учество на турнирот во Сараево со ефект од една победа и два порази (еден од МЗТ Скопје Аеродром). Па последните три меча од наредниот собир, на Златибор (22.-28.март), ќе го дочека со скор (3-7), и 11. позиција на табелата.

Нешто подоцна, од 16.часот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе истрчаат на паркетот во арената „Хилс“, а пред себе за ривал ќе ја имаат екипата на Младост од Земун.