24.01.2021

Студентски центар ја потврди лидерската позиција, го совлада и МЗТ Скопје Аеродром (92:75) за максимални „седум од седум“

AБА 2 ЛИГА: Со само една добра четвртина, МЗТ Скопје Аеродром немаше шанси против „непобедливите“

Со негативен скор, од една победа и два порази, го завршија вечерва својот престој во Бања Лука, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром каде се играше вториот од четирите предвидени „меури“ во АБА 2 конкуренцијата.

Екипата на Студентски центар ја оправда улогата на „непобедлива“, и стигна со својата седма победа во исто толку мечеви во досегашниот дел од сезоната во регионалното натпреварување.

СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 92:75

Онака како што ги одиграа претходните два натпревари, така го започнаа, лошо, и третиот кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром. Против најдобрата екипа во досегашниот дел од сезоната во АБА 2 лигата, Студентски центар, за десет минути успеаја да дадат 14, и да примат 23 поени.

И уште во раната фаза од последниот меч во „балонот“ во Бања Лука, да влезат во резултатска негатива (14:23).

Црногорците имаа и плус 14 (28:14), потоа и (31:17) по фуриозниот налет на крајот на првата и почетокот на втората четвртина. Следувше одговор, тројкашки на МЗТ. За намалување на високото водство за половина, (27:33) во средината на вториот квартал.

Но место да продолжат во таков, поентерски ритам, „металците“ влегоа во проблеми со грешки, направија дури 11 до крајот на првото полувреме кое фаворитот го реши во своја корист со резултат (40:33).

И 20. минути во кои репрезентативците Магдевски и Крстевски не влегоа во игра.

А по одморот, на теренот во салата „Борик“ како да истрча еден друг тим на МЗТ Скопје Аеродром. Крајно мотивиран, пред сè со ѓелба да се стигна до успех. Во такво „рсположение“, кошаркарите од Аеродром успеаја.

Со некоја нова енергија која ја извадија на теренот, аправија вистински пресврт.

И во играта, но и во резултатот. По двете врзани тројки, прво на Магдевски, потоа и на особено расположениот Гравет, во 28.минута МЗТ Скопје Аеродром поведе со (55:53).

Сигурно е дека ќе беше и поинаку доколку нашиот тим не „продаде“ уште седум топки (вкупно 18. за нецели 30.минути), за што веднаш беа казнети. Студентски центар со серија од (9-2) го врати водството на своја страна (61:57).

Сличен беше резултатот (63:59) на истекот на тој доста добар дел од играта на МЗТ Скопје Аеродром.

Не одговорија доволно силно „сино-белите“ во моментите на одлука. Екипата од Подгорица дојде до нова двоцифрена предност (76:66). За „поправка“ и нов камбек, МЗТ Скопје Аеродром доби скоро шест минути.

Гравет погоди нова тројка, за да најави подготвеност. Но најдобриот играч на МЗТ на претходните две средби, Олуфеми Олуџоби беше „надвор од ритам“. Не можеше да се „одбрани“ од Тејиќ, кој уфрли девет поени во тој решавачки дел од мечот.

Па после трите мечеви во Бања Лука и оние четири на Златибор, со скор (4-3), МЗТ Скопје Аеродром веќе не е при врвот, туку во група на неколку други екипи со идентичен учинок во овие два „балони“ од регионалното натпреварување.

Вториот наш претставник, екипата на Работнички, поради забележани случаи на корона вирус во тимот, не се појави на турнирот во Бања Лука, и со службен резултат 0:20, ги загуби дуелите против екипите на Спарс, Горица, Златибор. По два круга, „црвено-белите“ имаат ефект од две победи и пет порази.