Кошаркарите на ТФТ Mozzart нема да играат во плеј-офот на АБА 2 лигата откако денеска загубија од хрватскиот претставник, и на две кола пред крајот на регуларниот дел, останаа без шанси за пласман во следната фаза
По 11 одиграни кола, ТФТ е на скор од три победи и осум порази, кој ги тргна и оние теоретски шанси за место во првите осум кои ќе играат во плеј-офот.
ГОРИЦА – ТФТ Mozzart 83:64
По релативно израметата и ефикасна прва четвртина, сите надежи, макар и теоретски за дебитантот во оваа конкуренција, паднаа во вода по катастрофално лошо одиграната втора четвртина.
Онаа во која тимот кој го предводи тренерот Боро смилсковкси и дозволи на последнопласираната екипа во АБА 2 лигата да направи неверојатни, но вистинити (29-9), и на одмор да замине со практично недостижно водство од (50:32).
По паузата од 15 минути, работите не се променија премногу. Мечот не замина во друга насока, онаа на страната на екипата од Скопје. Горица знаеше да ја оддржува лесно стекнатата предност од вториот период.
На истекот на третиот дел, имаше сличен „вишок“, (71:54).
На овој последен „балон“ од регуларната фаза, кој се игра во Широки Бријег, ТФТ Mozzart го чекаат уште два натпревари. На 8 март, од 21.часот е предвиден дуелот со екипата на Борац од Бања Лука за која настапува нашиот репрезентативец Теодор Симиќ, а својата деби сезона во регионалното натпреварување „црно-белите“ ќе ја затворат на 11. март (сабота), од 12. часот, кога ќе играат против лидерот на табелата, екипата на Хелиос од Домжале.
Батрик, кој играше во три четвртини, заврши со 14 поени, Костоски пак даде 12 (со шут за три поени 4/5). Ташовски додаде 11, а Николов уште 10 поени во нашата екипа, која во Широки Бријег допатува без тројца важни играчи како Бишоп, Хотон и новакот Симоновски, А на ваа средба тренерот Смилковски не сметаше ниту на Лаклан Андерсон,,,
Инаку нашиот втор претставник во ова натпреварување, екипата на Пелистер, својот меч од ова 11. коло е го одигра утре навечер, од 21.часот. За противник „зелено-белите“ ја имааат екипата на Крка од Ново Место.