ТФТ го одигра и вториот меч на турнирот на Златибор. За противник го имаа сараевски Спарс, и по 40. минути, екипата која ја предводи Боро Смилковски стигна до висока победа, втора по ред за нив во „балонот“ кој се игра на српската планина.
ТФТ – СПАРС 102:78
Кога ТФТ заигра со два бека, односно на Костоски му се придружи Ташовски, многу подобро, и побрзо делуваше играта на нашиот претставник.
Токму младиот плеј на ТФТ внесе дополнителна енергија во нападот. Со девет поени по ред, донесе и предност за „црно-белите“. Во средишниот дел од втората четвртина, токму по неговата серија, и поените на расположениот Андерсон (исто така девет), беше и највисока (38:31). Нешто подоцма ТФТ водеше и со (43:36) а што беше исто така важно, односно добар момент, е фактот дека во поенерски ритам влегоа и Бишоп, односно Мекбраер, па бројката на поентери скокна значително.
Имаше ТФТ и (50:44) во 19.минута, за тој прв и доста ефикасен прв дел заврши со водство (55:49) на екипата од Тафталиџе.
Ова беше веројатно и најколективната престава на ТФТ во оваа сезона воопшто, не сами низ натпреварите од регионалната лига во кои и во претходните случаи, екипата на Тафталиџе беше блиску до триумф(и), но на крајот нешто недостасуваше да биде поинаку.
Денеска, на Златибор се беше поинаку, за што говори, и најдобро илустрира статистиката.
Вели дека шестмина кошаркари во изборот на Смилковски завршија со двоцифрен број на реализирани поени, макар што Костоски „закочи“ на осум поени, и не играше многу во вториот дел од мечот, особено кога беше јасно дека ТФТ ќе „спои“ и втора победа на српската планинска убавица.
Со 18 поени, листата на двоцифрените ја предводеше Бишоп, по 16 имаа Ташовски и МекБраер, Андерсон застана на 15, а по 12. реализации имаа Батрик и Николов. Па сега ТФТ е веќе на сосема солиден, подобро кажано многу поприфатлив скор, (2-5).
Турнирот на Златибор, втор во оваа сезона ќе биде затворен во петок навечер, од 18.часот, со нагтпреварот во кој нашиот втор претставник, екипата на Пелистер, ќе игра против непобедениот тим во првите шест кола во АБА 2 конкуренцијата, словенечкиот Хелиос Санс од Домжале.