19.10.2022

ТФТ не успеа да се „подигне“ по стартниот пораз од Пелистер, без решенија за играта на екипата од Никшиќ (69:99)

АБА 2 ЛИГА: ТФТ не ја помина ниту Сутјеска

Не успеаа кошаркарите на ТФТ да се тргнат од летаргијата во која влегоа уште на премиерата за нив во оваа АБА 2 конкуренција.

СУТЈЕСКА – ТФТ               99:69

По поразот од Пелистер, кој на крајот беше и пристоен, „црно-белите“ уште еднаш, премногу импресионирано влегоа и во дуелот со Сутјеска.

Особено тешко екипата од Тафталиџе играше во фазата на нападот, за што говорат и само 13.реализирани поени во првиот период, и осум за скоро осум минути во втората четвртина..

Во 18.минута тимот од Никшиќ имаше и двоцифрено водство од (32:21), нешто потоа и најголеми (37:21), по заслуга на незапирливите Копривица (16.поени), Томашевиќ (11) и Поповиќ (10.поени).

Очајни 1/14 во шутот за три поени (Костоски и Андерсон заедно 0/9) имаше нашата екипа во тоа прво полувреме во кое не се пронајдоа себеси, а заврши со слична негатива за ТФТ, (25:41).

ТФТ скоро го „репризираше“ оној прв нивни натпревар на турнирот. Се доведоа момците на тренерот Боро Смилковски во уште поголем минус во третата, а го намалуваа во онаа последната. Но сепак, далеку од идеално го завршија првиот престој на Златибор.

Од 21.часот, кошаркарите на Пелиустер ќе го играат својот втор натпревар на „балонот“ во Златибор. Противник им е словенечкиот состав Шенчур