21.03.2024

Тимот од Нови Сад го покажа квалитетот во дуелот со ТФТ Моцарт, стигна до сигурна победа (72:50)

АБА 2 ЛИГА: ТФТ не можеше ништо против дефанзивата на Војводина

Кошаркарите на ТФТ Моцарт не успеаја да направат изненадување против еден од фаворитите за највисок пласман во АБА 2 лигата. Војводина се покажа како поквалитетен противник, и запиша сигурен триумф против скопските „црно-бели“. 

ВОЈВОДИНА - ТФТ МОЦАРТ     72:50

По првата релативно израмнета четвртина, која на крајот ја доби екипата од Нови Сад со (24:19), во 14 минута, Војводина стигна и до првото двоцифрено водство, (31:21). А добрата дефанзивна игра ги донесе и до уште повисока позитива (34:21).

Имаа проблеми со реализација кошаркарите на тренерот Боро Смилковски во тој дел од играта. За осум минути постигнаа само шест поени.

На полувремето, Војводина се одвои и на (42:27).

Налик на втората, беше и третата четвртина од мечот. Српскиот претставник одлично ги затвори сите приоди кон својот кош. ТФТ Моцарт постигна само седум поени за десет минути, видливо и на резултатот.

По 30. минути, Војводина се одалечи на недостижни (61:34). Имаше новосадската екипа потполна доминација во скокот (вишок од 15 скока), што со слабата шутерска вечер на „црно-белите“ придонесоа за така високата разлика.

Кај нашата екипа, Верц постигна десет поени, беше и единствениот со двоен број на реализации. Зафиров имаше девет, Ташовски постигна осум, а Ифеџе седум поени. 

По 12 одиграни кола, ТФТ Моцарт има скор (2-10), а до крајот на ова издание на АБА 2 лигата екипата од Тафталиџе ќе игра против Шибенка, натпревар кој е закажанн за 23. март (сабота) од 18.часот.

А утре, од 15.часот, следува големото дерби на 12. коло во кое ќе се сретнат нашиот МЗТ Скопје Аеродром и Златибор, кој со ефект 9-2 е н делба на првото место, заедно со екипата на Златибор.