Една лошо одиграна четвртина, онаа втората, беше доволна за нов неуспех на скопските „црно-бели“ во регионалното натпреварување
КРКА – ТФТ 93:83
Четвртто коло и четвртти пораз за ТФТ во АБА 2 лигата. Ниту во вториот обид на турнирот во Сараево, победникот на македонскиот Куп не успеа во намерата да дојде до прв триумф во ова натпреварување.
Во дуелот против екипата на Крла, се чини дека екипата од Тафталиџе беше најдалеку во обидите да го реализираат тоа.
По релативно изедначената игра во првата четвртина, се некако тргна наопаку за момците на тренерот Боро Смилковски во текот на втората. Минути во кои почетната предност од (21:18), креирана од неверојатниот Лаклан Андерсон (ги реализираше првите 13.поени за својата екипа), „зелено-белите“ ја претворија во сигурна предност која на истекот на 20.минути беше двоцифрена (43:31).
И никако не успеаа „црно-белите“ да ја анулираат. Иако пред себе имаа цело полувреме, второто, беа далеку од тоа. Особено поради фактот што пред себе имаат проитивнико кој многу ретко знаеше да не го пронајде патот до противничкиот кош. Погодуваше некогашниот АБА лигаш со неверојатни 70% од поле, имаа високи 42% во шутот за три поени, а најголемата разлика мешу двете екип веерва беше во сегментот наречен скок.
Екипата од Ново Место реализираше дури 13. скока повеќе (38 спрема 25).
Сето тоа и придонесе за далеку „помирна“ игра на фаворитот во продолжението од средбата во Сараево во кое на видело излезе искуството од играње на ваков тип на натпревари. До крајот на третиот дел Крка веќе стигна до недостижни (71:54). Па полека како двете екипи да почнаа да се подготвуваат за она што ги чека во наредниот круг од натпреварите. ТФТ за дуелот со Слога од Краљево (во петок од 21.часот).
На овој, по одличниот почеток, Андерсон застана на бројката од 20.реализирани поени, Бутрик имаше 14, Ташовски 11, а Николов уште 10.поени.