ТФТ Моцарт успеа во настојувањата да запише макар една победа за време на престојот во Нови Сад
ШЕНЧУР – ТФТ МОЦАРТ 77:85
Ја имаа предноста „црно-белите“ од Тафталиџе од самиот почеток на натпреварот на крајот на првата четвртина имаа солидни (18:12), водеа и на полувремето (37:33).
Но пресудниот чекор избраниците на тренерот Боро Смилковски го направија во третиот период. Најдобриот за нив не само на овој меч, веројатно и за време на „балонот“ во Нови Сад. Направија огромни (27:14), парцијално гледано, за уште повисоки (64:47).
Само за момент се закани Шенчур во последната четвртина. Се доближи на (57:68), момент од 34.минута. Но ТФТ Моцарт имаше спремен одговор за тоа. Во три минути ја врати комотната разлика, имаше (75:58) кои словенечкиот претставник само ги претвори во едноцифрено заостанување.
По десет кола ТФТ Моцарт има скор (2-8), со кој побегна од делба на последното место. Свој играчки „печат“ на овој успех ставија Калхун, кој беше стрелец на 18.поени, Ташовски кој реализираше два помалку, а двоен број на поени дадоа и Хаутон (11) и Николов (10).
Во недела, последниот ден на турнирот во Нови Сад, своите мечеви од оваа десетта рунда ќе ги играат и останатите наши претставници.
Од 12. часот, Пелистер игра против екипата на Сутјеска, а нешто подоцна од 18.часот, на распоредот е и дерби дуелот на ова 10. коло, дуелот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и домаќинот – Војводина.