ТФТ е повторно на Златибор, каде се игра уште еден турнир, сега во онаа „скратена верзија“ со одигрување на две натпреварувачки кола од АБА 2 лигата. И веднаш драматични моменти, продолжение од пет минути. на крјаот и голема радост. За првата победа во ова регионано натпреварување, и за клубот од скопската населба Тафталиџе, од историски карактер
ПОДГОРИЦА – ТФТ 93:95
Одличен вовед во натпреварот имаше Батрик, кој реализираше десет поени во првата четвртина во која екипата од Подгорица имаше минимално водство од (26:24).
Но на почетокот на втората, подгоричани направија серија од (10-0) за највисокото водство, (36:24), остварено по неполни четири минути игра.
Првите поени за ТФТ во тој дел ги даде Ташовски, кој макар и за момент ја прекина серијата на поени на противникот, (27:36).
Две минути подоцна, Подгорица имаше уште повисоки (42:27), но до крајот на полувремето, нашата екипа успеа да надополни дел до високата негатива. И тоа со серија од (10-1), за многу поприфатливи (37:43) со кои се замина на големата пауза.
Во она што следуваше, црноргцскиот тим одново обезбеди двоцифрена предност (47:37), потоа и (49:39), но уште еднаш, скопските „црно-бели“ се доближија, сега и на (50:53), по 25.минути играње.
Сепак, противникот најде одбранбен механизам, и го врати водството, она „стандардно“, имаше Подгорица одново големи (67:55), по три одиграни периоди.
Но, крајот беше далеку, десет минути беа пред двете екипи. Во уводните од последната четвртина, ново враќање на ТФТ. Како „одговор“, серија од (10-2), за достижни (65:69). А по поентирањето на Костоски, беа уште поблиску до пресврт (72:73), кога се играше 35 минута.
Една минута подоцна, по „два плус еден играта“, ТФТ конечно израмни, на (75:75). А потоа, на сцена стапи, Александар Костоски. Онака, на искуство, бекот на „црно-белите“ врза две тројки по ред, за да го донесе толку посакуваното водство.
По втората, ТФТ водеше (83:81)...
А Подгорица имаше 13 секунди за конечно решение. Мекбраер го испрати Вујисиќ на линијата за слободни фрлања. Ги погоди двете за нерешени (8383). Но играчите на Подгорица паметно ги искористија двата „мали прекршоци“ во последните десет секунди. Оставија само три секунди за последен обид на ТФТ, кој не го реализираше токму Мекбраер, па мораше да се игра продолжение од пет минути.
Мекбраер беше во центарот на вниманието во екстра периодот. Ги даде Американецот првите седум поени, за ново водство (90:88). Потоа погоди и Андерсон за слични (92:90), на 34.секунди пред крајот.
Победничките поени, макар и од линијата за слободни фрлања, ги донесе Костоски!
Во среда, својот прв меч на собирот на Златибор ќе го одиграат и кошаркарите на Пелистер. Од 15.часот, битолчани ги чека дуелот со екипата на Борац од Бања Лука за која оваа сезона настапува нашиот млад репрезентативец Теодор Симиќ.