14.11.2023

Во еден егал меч, екипата од Тафталиџе имаше одличен финиш, доволен за многу важна победа (78:68), прва во сезоната

АБА 2 ЛИГА: ТФТ тргна со триумф на Златибор, се „освежи“ со Цедевита

Својот прв меч во овој „балон“ на Златибор го игра екипата на ТФТ Моцарт, која за ривал го имаше младиот состав на Цедевита Јуниор. По изедначени три четвртини „решението“ дојде во последната, победата ја најави одличниот, во тој период од играта, Виктор Ташовски, но двата бода „ се делат“ на сите првотимци на екипата од Тафталиџе.

ТФТ МОЦАРТ – ЦЕДЕВИТА ЈУНИОР          78:68

Апсолутно во егал поминаа првите 20.минути од овој натпревар. Полувреме во кое ниту еден од двата ривали не успеа да направи некоја осетна предност.

Ако не се „сметаа“ оние плус 5, (17:12), кои екипата од Загреб ги имаше во осмата минута, за тој прв период сепак да го добие нашата екипа, со минимални (21:19).

Уште поизрамнет беше вториот дел од мечот, во кој ТФТ Моцарт се стекна со најголеми четири поени позитива (33:29), во средишната фаза.

Но се беше во егал на полувремето, (39:39).

Ниту одморот од 15.минути не ги смени работите на теренот. Двете екипи се менуваа во водството, кое повторно беше минимално, но се менуваше на двете страни од теренот. Пет минути подоцна, на крајот од четвртината, „црно-белите“ повторно имаа „минималец“, (59:58).

Првото „посериозно“ водство за македонскиот претставник го донесе, со тројка, Ташовски, кој постави (70:62), на четири минути пред крајот.

Младиот плејмејкер влезе во серија, по неговиот 13.поен, скопјани имаа слична предност (74:68), но со неполни две минути пред крајот.

Симонс реализираше 19.поени (3/5 за три поени), плус и четири скока. Ташовски застана на тие 13 поени, а Верц имаше уште 11. (и уште 4.асистенции).

Утре попладне, од 15.часот, нашиот трет претставник во АБА 2 лигата. Екипата на Пелистер ќе игра против новосадска Војводина.