21.12.2023

Во финишот, „црно-белите“ анулираа минус од 16. поени, но не направија пресврт вреден победа против бањалучки Борац (65:66)

АБА 2 ЛИГА: ТФТ задоцни со враќањето, загуби минимално

Делува особено симптоматично еден податок за играта на ТФТ. Така беше и пред две вечери, се повтори и оваа во салата „Пецара“. Во втората четвртина, „црно-белите“ реализираа прескромни седум поени!!!

ТФТ МОЦАРТ  - БОРАЦ БАЊА ЛУКА      65:66

Така беше и против Сутјеска, се повтори истото и вечерва, против бањалучки Борац (поради болест го немаше нашиот репрезентативец Теодор Симиќ).

Со таа разлика што на овој меч, противникот се стекна со предност уште во оној прв период од играта (21:14). Го доби и вториот, макар и не така убедливо (13:7, но повеќе од доволно на полувремето Борац да води со убедливи (34:21).

Третата четвртина се покажа и како најизедначена, но недоволно добро за нашиот тим се врати во игра за победа. Со шут од 20% во обидите за три поени (2/10) тоа одеше уште потешко за избраниот тим на Боро Смилковски.     

Уште еден интересен податок од овој натпревар. ТФТ Моцарт даде 22 поени во третата четвртина, или еден повеќе во првите две?! 

Но, ТФТ немаше намера да подигне „бело знаме“, она во знак на предавање. Малку подобрата игра, пред се во одбраната, ги донесе на негатива од само седум поени (52:59), по четири минути игра во четвртата четвртина. А по петте поени на Николов, некоја минута подоцна „растојанието“ беше уште помало. Борац водеше со, и тоа како достижни за нашиот тим, (61:57).

Веќе во следниот напад, Луис намали на само еден посед (59:61), а во оној што следуваше, Николов не донесе и израмнување. Ифеџе не искористи нова шанса за егал, погоди само едно слободно фрлање, за (60:61), Веднаш казни Шешлија, за плус 3 (63:60) за екипата од Бања Лука на влезот на последната минута. Новата шанса за евентуално продолжение, за жал, не ја искористи Верц, а по толку нереализирани можности, Делалиќ ја потврди победата за екипата од Република Српска.

Луис беше единствениот играч во составот на ТФТ Мцарт со двоцифрен број на поени – даде 16. Симонс и Верц имаа по девет, Николов Ташовски и Ифеџе по осум...

По седум одиграни кола, „црно-белите“ се на ефект од една победа и шест порази, заедно со екипата на Шибенка, најлошиот скор во АБА 2 конкуренцијата по три одиграни турнири.

А утре навечер, од 18.часот, со дуелот против суботички Спартак, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе го затвори овој трет „балон“ организиран во Широки.