23.03.2024

Екипата од Тафталиџе со пораз од шибенчани (76:89) го заврши својот пат во оваа сезона од регионалното натпреварување

АБА 2 ЛИГА: ТФТ загуби од Шибенка, и го зема „фенерот“ во свои раце

Три натпревари – три порази, последниот од директниот конкурент за „бегство“ од последното место на табелата – Шибеник, е ефектот на кошаркарите на ТФТ Моцарт на турнирот во Широки.

ТФТ МОЦАРТ – ШИБЕНКА         76:89

Можеби одиграа и најдобро, но не успеаа да го совладаат, до денеска, последнопласираниот тим на табелата во АБА 2 лигата. Екипата на ТФТ Моцарт го загуби последниот натпревар во регуларниот дел од сезоната, токму од екипата која беше и нивниот директен опонент за завршување на сезоната на последното, 14. место на табелата во АБА 2 лигата.

„Црно-белите“ најдоа мотиви за игра, но не го демонстрираа сиот свој квалитет да побегнат од „фeнерот“ во ова натпреварување.

Во овој момент, екипата од Шибеник е подобра од нашата, заслужено стигна до победата, за нив втора, исто колку што има и онаа од Тафталиџе.

Имаше постојано водство низ текот на сите 40.минути, што на крајот и беше потврдено во конечниот епилог.

На последното појавување во оваа конкуренција, барем во оваа сезона, Калхун и Луис имаа по 15.реализации, Верц постигна 12, а Ташовски уште 11, па ТФТ Моцарт остана на скор од две победи и 11. порази во текот на петте одиграни турнири од регионалната лига.

Утре, од 18.часот, следува и дуелот на третиот наш претставник, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, која за противник го има домаќинот и на овој собир во АБА 2 конкуренцијата – екипата на Широки.