Со многу кратка ротација, а особено по тешките 40. минути пред некоа вечер, против екипатѕа ан Подгорица, екипата од Тафталиџе немаше многу шанси во дуелот со еден од фаворитите во оваа регионална конкуренција.
ТФТ МОЦАРТ – СПАРТАК 64:93
Се чини дека ТФТ Моцарт имаше сили, имаше енергија за една четвртина, секако онаа почетната, но и некоја минута од втората, кога всушност се виде сериозен пад во нивната игра. Односно дека ТФТ не може да му парира на поквалитетниот противник.
По нерешените (20:20) по десет минути, се беше поинаку, и во корист на еден од фаворитите за позициите кои водат во првата АБА лига.
Спартак ги опврада вложувањата кои ги направи и во полусезоната, кога од кошаркарскиот јадрански пазар повеќе еден играч од типот на Немања Гордиќ, придодаден на веќе етаблирани АБА имиња како Кутлешиќ, Цветковиќ, Бојиќ, Тејиќ, Церовина, кој се промовираше и во најдобар стрелец на овој меч во кој победникот се надзираше и на полувремето.
Кога тимот од Суботица се одвои на (44:35).
Имаа „сините гулаби“ (популарниот прекар на екипата на Спартак, уште две идентични четвртини, третата и четвртата, кои ги добија со сличен резултат (25:14 односно 24:15), и стигнаа до планираната цел – победата, за нив седма во девет одиграни кола.
По девет одиграни мечеви во оваа регионална конкуренција, пак, ТФТ Моцарт сега има ефект (1-8), кој го остава на делба на последната позиција на табелата заедно со екипата на Шибенка.
На овој меч Луис беше прв на листата на поентерите, уфрли 15.поени, но само уште Николов бепе двоцифрен во колоната поени, имаше 12.
Следниот натпревар на една наша екипа на турнирот во Нови Сад е закажан за 2.февруари (петок), во 15 часот, кога Пелистер ќе игра против словенечкиот Хелиос од Домжале.