Историска победа на Пелистер во АБА 2 конкуренцијата. Стигна на вториот меч кој битолчани го играа на турнирот на Златибор во дуелот со Сутјеска.
Еден „нов“ Пелистер се појави во салата во ова туристичко српско место каде во изминатите пет дена се играше првиот од петте планирани т.н. „балони“ против вториот претставник од Црна Гора.
И стигна наградата, во облик на триумф против екипата од Никшиќ.
ПЕЛИСТЕР – СУТЈЕСКА 93:73
Најавата за такво нешто ја испрати одличниот двоец, Стајиќ-Младеновски кој ја тероризираше противничката одбрана во првата четвртина од мечот со кој беше затворено второто коло во регионалното натпреварување.
Нивната „пик-енд-рол“ игра беше незапирлива за кошаркарите на Сутјеска. Но не и толку „видливо“ на резултатот, барем во првите десет минути во кои Пелистер имаше само минимални (24:23).
Во продолжението, односно онаа втора четвртина „зелено-белите“ имаа постојано водство, но уште еднаш не го искористија одличниот офанзивен пристап. Дадоа 51.поен во првото полувреме, но „шкрипење“ во дефанзивниот сегмент. Примија 47, па предноста беше изразена со само четири поени (51:47).
Но затоа пак сиот свој труд битолчани го наплатија по паузата. Особено добра беше третата четвртина во која Пелистер остана без својот тренер, Марјан Илиевски, но „се појави“ Младеновиќ, кој дополнително ја забрза играта.
Направи уште посериозни проблеми во одбраната на тимот од Никшиќ. Сега и тоа како забележливо на семафорот на кој стоеше дека Пелистер има 78, а Сутјеска 15 поени помалку, односно 63.
Тука стана јасно дека битолски Пелистер има што да каже во оваа конкуренција, дека оној прв меч беше и во вистинска смисла – дебитантски.
Го чекаме 8. ноември, кога на програмата е вториот „балон“, во кој е предвидено и македонското дерби – МЗТ Скопје Аеродром-Пелистер. Дуеот на нашите претставници во АБА 2 лигата е се игра два дена подоцна, на 10. ноември.