Во доста изедначен натпревар во кој имаа предност и од 13 поени во последниот период, битолчани останаа присебни по серијата од (12-0) на противничката екипа и стигнаа од заслужен триумф, прв во новата сезона од АБА 2 конкуренцијата.
ПЕЛИСТЕР – ШИРОКИ 74:72
Пелистер ја слави својата прва побед во новиот серија на АБА 2 лигата. Пред своите симпатизери во салата „Боро Чурлевски“ беа за малку подобар ривал од Широки.
Имаа постојана предност изрбаниците на тренерот Александар Петровиќ. На полувремето беа во позитива од четири поени (37:33), на истекот на третиот период имаа еден повеќе (55:50).
А одлично го отворија оној последен период кошаркарите на пелистер. Со серијата од (6-0) стигнаа и до двоцифрена позитива (61:60). За во средината на таа последна четвртина да имаат и уште повисоки (67:54).
Но гостите успеаа да се вратат со своја серија од 12. неодбранети поени, доволно да се доближат на само еден поен негатива (66:67). Серијата ја прекина Антоан, за (69:66). Но беше извесно дека последните две минути од мечот во Битола ќе бидат драматични.
Истиот играч погоди уште еднаш за Пелистер да се одвои на четири поени (71:67). А многу среќа имаше Мишковиќ во неговиот обид вреден три поени, кој се чини беше и пресудниот момент од претпоследната минута од играта.
Токму двоецот Антоан-Мишковиќ беше „добитната комбинација“ за Пелистер на оваа средба. Беа „двоцифрени“ (искомбинираа 29.поени, А свои поентерски мигови имаа и Бојиќ (девет реализации), но и Стајиќ, Костоски и Едвардс (додадоа по осум).
Во наредното, второ, коло од групата „Ц“, на 15.октомври, „зелено-белите“ гостуваат во Подгорица, каде ги чека дуелот против истоимената екипа.