Нема да го паметат по добро, барем резултатски гледано, кошаркарите на пелистер своето второ гостување на турнирот на српската планина. За кратко време запишаа и втор пораз, сега и во дуелот со словенечкиот Хелиос.
ХЕЛИОС – ПЕЛИСТЕР 88:70
Актуелниот лидер на табелата во АБА 2 конкуренцијата беше апсолутно подобар ривал на последниот меч одигран во „балонот“ на Златибор. Водеше тимот од Домжале практично од првата до последната минута, и ја крајот ја потврди фаворитската улога односно лидерскиот епитет кој го задржа и по одигрувањето на ова седмо коло.
Податокот кој вели дека Хелиос ги доби сите четири четвртини оди во прилог на констатацијата дека навистина беше подобар ривал.
Само тројца играчи на Пелистер завршија со двоцифрен број на реализации. Најмногу, 20, даде Карутерс 17 дојдоа од Хаџифејзовиќ, додека Карпентер застана на 15.
Премалку за евентуалн успех на ваков вид на натпревари.
По седум одиграни натпревари во АБА 2 конкуренцијата, Пелистер е сега на ефект од четири победи и три порази.