09.10.2023

Пораз на „црно-белите“ (74:93) на отворањето на турнирот во Суботица

АБА 2 ЛИГА: Златибор е превисок за ТФТ

Пораз на „црно-белите“ (51:40) на отворањето на турнирот во Суботица

ТФТ МОЦАРТ – ЗЛАТИБОР ГОЛД ГОНДОЛА           74:93

Доста слабо го стартуваа дуелот со екипата од Златибор кошаркарите на ТФТ. Особено тоа се однесува за оној дефанзивен сегмент. Му дозволија на противникот да се разигра, и да поентира, дури и повеќе од очекуваното, за што сведочи и бројот на примени кошеви во првите десет минути, дури 33.

Се чини дека влегувањето на најискусниот во нивната екипа, Едис Нури, го донесе оној потребна енергија, не само во одбраната, туку и во напаѓачкиот дел. Одигра ТФТ далеку поцврсто во својот рекет. Немаше така „лесни поени“, како во првиот период.

Освен тоа, ја „снема“ и онаа превисока предност која ја имаа кошаркарите од Златибор, како на пример во 8.минута, кога водеа со плус 15 (31:16).

Се доближи екипата од Тафталиџе и на негатива од само шест поени.Прво имаше (27:33), потоа и (35:41) и (37:43) во 16.минута. Но забележливо беше и отсуството на Морган (додека играше запиша шест поени), најсилниот играч на ТФТ, не само во одбраната, кој заработи една повреда на раката при обид да одбрани една акција на противнички играч, и повеќе не влезе во игра во тоа прво полувреме кое заврши со двоцифрена предност за противникот (51:40).

Во она второто, немаше некои сериозни промени во играта, односно начинот како се одвиваше истата. Воглавно, „златиборци“ ја „држеа“ двоцифрената предност, од 16-17.поени, а ТФТ се обидуваше да ја стигне. Односно одново да ја сведе на нешто што се нарекува достижна.

Но, евидентно, нашиот тим немаше доволно енергија (в третито период направија и повеќе од десет лични грешки, преку кои противникот добиваше лесни поени од линијата за слободни фрлања), сили, па и квалитет, што со уште пократката ротација во која го немаа ни Морган, а ни Симонс, беше дополнителен проблем за тренерот Боро Смилковски, не само за овој туку и на наредниот меч на турнирот во Суботица.

Утре, од 21.часот, на теренот во спортскиот центар во Суботица излегува екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Противник во првото коло од новата сезона на македонскиот шампион е одличниот хрватски состав Цедевита Јуниор.

АБА 2 ЛИГА - ПРВ ТУРНИР - СУБОТИЦА

(РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ)

10. ОКТОМВРИ

21.00: МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита Јуниор

11.ОКТОМВРИ

15.00: ГГД Шенчур - Пелистер

18.00: Широки – ТФТ Моцарт

13. ОКТОМВРИ

15.00: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром