16.12.2021

Слават „металците“ и втора победа на „балонот“ во главниот град на БиХ, сега и против организаторот, сигурни (88:77)

АБА 2 ЛИГА:„Нема зима“ за МЗТ Скопје во Сараево, „падна“ и домаќинот - Спарс

Втор натпревар за МЗТ Скопје Аеродром во Сараево. Со далеку постабилна игра во однос на првиот дуел со Хелиос, со водство во скоро целиот тек на натпреварот, совладане домаќинот на третиот турнир во АБА 2 лигата во оваа сезона, сараевски Спарс.

СПАРС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ          77:88

 

Со одлична серија од (13-2) , МЗТ Скопје Аеродром ја презема контролата над резултатот. Од негатива (11:15), до крајот на првата четвртина, „металците“ преминаа во водство од (24:17).

Вер и Мекиќ реализираа по седум поени.  

Но евидентно беше дека кога нее Вер во игра, нашиот претставник има проблеми со организацијата на играта, посебно ако се земе в предвид дека тренерот Дарко Радуловиќ и на оваа средба не можеше да смета на услугите на Кристијан Николов, па свои минути доби младиот Дарио Митевски.

Но токму со петте поени по ред на младиот кошаркар, и „два плус еден“ играта на Дејвис, скопските „сино-бели“ стигнаа и до највисокото водство (34:22), као што беше резултатот во 13.минута. Но со добра дефанзивна енергија Спарс се вратија назад, и го натераа Радуловиќ на тајм-аут.

МЗТ Скопје Аеродром водеше „само“ со (34:28)...

Враќањето на Милошевиќ во игра беше вистински потег, затоа што силното крило го врати својот тим во „зоната на комфорот“. МЗТ Скопје Аеродром одново се одвои на солидни (39:30), па на (41:32). Исто беше и по тројката на Вер (44:35). А истиот кошаркар, од иста позиција, за три поени, му донесе највисоки (49:37) на истекот на првото полувреме.

Дваесет минути во кои Вер реализираше 13, а Рикиќ, Мекиќ и Дејвис по седум, а екипата од Аеродром  шутираше со 58.3% за три и 72.2% за два поени, имаше и 16 асистенции (Мекиќ - пет).

Во само четири минути од продолжението, со серија од (12-6), Спарс го преполови минусот од полувремето, намали домаќинот на овој турнир на (49:55). А тоа „растојание“ остана до истекот на третата четвртина која заврши со резултат (66:60) во корист на нашата екипа.

За неполни две минути, домаќините се доближија на само „половина кош“ зад својот ривал (67:68). Но, со серија од (7-0) во која учествуваа Крстевски, Рикиќ и Вер (со тројка), МЗТ Скопје Аеродром го одби тој напад. Поведе со (75:67). Спарс уште еднаш се доблиши до достижни (75:79), на 2:17 минути пред крајот. Но Мекиќ и Вер не дозволија ништо повеќе од тоа, па „металците“ можеда да почнат прослава на петтиот успех во АБА 2 конкуренцијата во која се одиграа шест кола.  

Утре е ден за одмор за двата наши претставници во „балонот“ во Сараево. На 18. декември (сабота), од 12. часот, Пелистер ќе игра против екипата на Златибор, додека пак дружењето на овој собир во главниот град на БиХ, МЗТ Скопје Аеродром ќе го заврши со мечот против Ловќен, кој се игра на 19.декември (недела), од 19.часот.