19.12.2021

Турнирот во Сараево, „металците“ го завршија со максимален ефект, победен е и Ловќен (100:81), за второ место на табелата по три турнири

АБА 2: Со максимални три победи МЗТ се враќа во Скопје

Календарот и ждрепката на натпреварувачките броеви посакаа и оваа година екипите на МЗТ Скопје и на Ловќен да заиграат повторно еден против друг на турнирот во Сараево...

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЛОВЌЕН   100:81

Со најдобртаа прва четвертини на „балонот“ кошаркарите на МЗТ Скопје родром веднаш воспоставија контрола врз играта и резултатот. За десет минути реализираа високи 31.поен (вкупно седум тројки) за да има двоцифрено водство (31:21) во стартната четвртина.  

„Празниот период“ за среќа, го прекина Дастин Вер, кој со својот 17.поен во првото полувреме постави (49:34) во 19.минута од играта. Во онаа последната противникот постигна уште четири за да намали на (49:38).

Мекиќ имаше уште осум, а Робев шест поени за екипата од Аеродром на полувремето на пслледнито меч од третиот сезонски турнир на АБА 2 лигата.

Со две тројки по ред, Ловќен се доближи на -10 (44:54). Но по тајм-аутот на Дарко Радуловиќ, тргна серијата на МЗТ Скопје. Екипата од Аеродром направи (15-0) за неполни четири минути. Стигна до повеќе од убедливи (69:44). Но не се задоволија со тоа момците во „сино-бела“ комбинација. Продолжија да „газат“ во нападот. Предводени од Стојановкси , Мекиќ и Рикиќ, и одличниот Митевски, кој беше вистинска енигма за тимот од Цетиње, нашиот тим имаше и плус 30 - (85:55). 

Но следуваше сериозно опуштање во редовите на „металците“, што Ловќен знаеше да го казни и да дојде до колку-толку прифатливи (8:93) Серијата без поени, со тројка, ја прекина Крстевски, за двете екипи да влезат во последните три минути со недостижни (96:78) во корист на нашата екипа која на тој начин со перфектни три победи го заврши престојот во главниот град на БиХ.

Доволно за скор (6-1) и второ место на табелата во регионалното натпреварување. Засега, води Борац од Бања Лука со макисмални седум победи во исто толку натпревари.

Токму во Бања Лука, во јануари, ќе се игра наредниот турнир во АБА 2 лигата.