22.12.2023

„Металците“ имаа добар финиш, но тоа беше недоволно за успех против тимот од Суботица (81:86)

АБА 2: Спартак подобар од МЗТ Скопје

Македонскиот шампион ја продолжи летаргијата, немоќта на нашите претставници на турнирот во Широки. Загуби во дуелот со одличниот состав на Спартак од Суботица, за скор од пет порази и само една победа во двете одиграни кола во „балонот“ во овој град кој се наоѓа во во Херцег-Босна (БиХ).  

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – СПАРТАК    81:86

Имаа свои минути кошаркарите на МЗТ Скопје. Но најдобрите дојдоа на крајот, кога веќе влегоа во голема негатива. Спартак одигра стабилно во најголем дел од натпреварот.

Му дозволи ја тимот од Аеродром да има некоја предност само во воведниот период, кога скопските „сино-бели“ поведоа со (18:12).

Но со серија од десет поени, Спартак успеа да го „сврти“ резултатот во својата корист. Поведе со (22:18), и таа предност практично не ја испушти до самиот крај на натпреварот, последен на собирот во Широки.

До полувремето, екипата од Суботица имаше водство од (42:37), а клучната разлика „гулабите“ од Суботица ја направија по одморот. Во третата четвртина се одвоија на двоцифрена позитива, во 30.минута таа изнесуваше (69:55). Се покажа како недоволна за најдобриот македонски клуб, кој по седум одиграни кола има ефект од четири победи и три порази.

Расел реализираше 16.поени. Во. Стојановски имаше 15. Додека Баковиќ и Танасковиќ дополнија со 12.поени за нашиот претставник во регионалната лига во која четврттиот собир ќе биде следната година. Поточно од 29.јануари до 4.февруари, во Нови Сад, каде ќе се одиграат наредните три кола.