Непосредно пред почетокот на натпреварите од плеј-офот, раководството на АБА лигата ги даруваше најуспешните за тековната натпреварувачка сезона.
Пред средбата, прва од полуфиналето на плеј-офот во АБА лигата. Црвена Зведа-Игокеа вечерва во Белград, директорот на регионалното натпреварување, Милија Војиновиќ му го додели признанието на Драган Бајиќ за тренер на годината во АБА лигата.

Искусниот стручњак со својата Игокеа стигна до финалните „четири“ кои ќе се борат за трофејот во Јадранската лига, но и место во Евролигата за наредната сезона. Освен тоа имаше и одлична европска сезона со тимот од Лакташи во ФИБА Лигата на Шампионите.
Освен Игокеа, пред извесно време, Драган Бајиќ договорно се обврза во наредниот период да го предводи и нашиот сениорски национален тим.
Уште една честитка за Бајиќ и за големото признание со кое е препозната неговата одлична работа во изминатиот период!