МЗТ Скопје Аеродром беше далеку од добар на гостувањето на Јадранот, особено во првото полувреме во кое и го загубија дуелот од 11. коло во АБА конкуренцијата...
ЗАДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 98:79
Упте една, како и многу пати досега во овој прв дел од сеозната во јадранската лига, екипата од Аеродром имаше лош вовед во натпреварот. Иако тргнаа како што не посакуваше тренерот Александар Петровиќ, сепак, МЗТ Скопје Аеродром успеа да се врати и да намали на (16:20). Но за минута и пол, Задар направи брзи (7-0) за да има високи (29:16) на истек на тој прв дел од играта.
Не застанаа домашните кошаркари и во втората, ја пролонгираа серијата по која дојдат на уште повисоки (31:17).
Војдан Стојановски ја прекина серијата, со тројка, макар и за момент, (20:31). Но ја немаше дефанзивната поставка во играта на скопските „сино-бели“. Задар повеќе и со (37:20).
Но не се задоволија со тоа задрани, притиснаа уште повеќе во нападот, и до одморот имаа огромни (57:35). А Божиќ и Жганец им задаваа сериозни проблеми на „металците“, заедно искомбинираа 27 поени во тие 20.минути од играта, дефинитивно за заборав на нашиот првак.
Новиот стар играч на „сино-белите“, Дастин Вер, беше некако надвор од ритам на своето враќање, барем во тоа прво полувреме. Но браќата Стојановски пополнија голем дел од „празнините“ во нападот, заедно реализираа 20, од тие 35 поени за нашиот претставник во АБА лигата.
По паузата, аеродромци тргнаа со (10-2), и по тројката на Мичовиќ, минусот веќе беше многу помал, (45:59). Но не продолжија во тој ритам гостите, напротив, задрани лесно се вратија на оние големи (77:55), или парцијално гледано, нерешени (20-20) во третиот период.
Многу добро играа домаќините во транзиција, стигнуваа до доста лесни поени со кои и ја одржуваа високата позитива креирана уште во првото полувреме.
Дефинитивно недостижна за нашата екипа, во која поентерски далеку напред беше Страхиња Мичовиќ со 22. реализации, Војдан Стојановски беше стрелец на 18, Бурсаќ даде 12, а капитенот Дамјан Стојановски застана на бројката од 11.поени, сите во првото полувреме.
МЗТ Скопје нема да има многу време за одмор, затоа што веќе за неколку дена, односно во понеделник, ги чека дуелот од домашниот шампионат. За противник ја имаат екипата на Феникс 2010. А веќе на 22.декември (четврток), исто така во СЦ „Јане Сандански“ го дочекуваат Сплит, во 12. коло од регуларниот дел на АБА лигата.