По пауза од четири години, АБА лигата се врати во Скопје. А гостувањето на белградски Партизан во СЦ „Јане Сандански“ донесе вистински кошаркарски спектакл.
И победа на најтрофејната екипа во јадранската конкуренција...
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПАРТИЗАН 74:92
А Данте Ексум ја одбележа првата четвртина од средбата во СЦ „Јане Сандански“. Реализираше брзиот Австралиец 12, од вкупно 25 поени на „црно-белите“ кој воспоставија доминација во уводните минути. Брзо направија висока предност, која на истекот на првите десет минути изнесуваше големи 16.поени, (25:9).
Својата шанса нашито шампион ја бараше во ударите од далечина. Но не функционираше шутот, особено оној за три поени. Погодија „сино-белите“ само два од уводните 12.обиди зад линијата од 6.75 метри.
Во вториот период, долго време на семафорот во СЦ „Јане Сандански“ стоеше резултатот (19:36), пред Кефи да ги прекине тие „празни минути“, на двете страни од теренот.
Кефи беше играчот кој најави и подобри, офанзивни минути на МЗТ Скопје Аеродром. Неговите поени во серија го донесоа домашниот тим на -12, (26:38), во 17.минута.
Но се чини дека на „аеродромци“ им недостасуваше тој „последен чекор“ за да спуштат негативата на едноцифрена, а имаа доста шанси за тоа...
Оттука, остана разликата која фаворитот ја направи во првата четвртина (48:32).
Кефи стигна до 14.реализациии, а Војдан Стојановски имаше уште осум во домашната екипа. Во гостинската, Нанали дојде до 10, а Ексум остана на 12, сите во првиот период.
Двете тројки на Мичовиќ, и резултат (38:48), го натераа најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ, по нецели две минути игра, да повика тајм-аут.
Партизан најде одговор во Нанали, кој го „наследи“ Ексум во поентерската улога на гостите од Белград. Го оддржуваше комотното водство од 10-16 поени. Така беше во 26.минута, (58:42), кога Александар Петровиќ повика тајм-аут.
Беше повисоко откако за момент попушти концентрацијата во одбрната на домашните кошаркари. Казнија веднаш, со тројки, Нанали и Пантер за највисоки (67:46). А Ајви се погрижи да не биде уште повисоко, постави (52:69) на истекот на третата четвртина.
Но Партизан покажа зошто вреди, го оправда тоа и на теренот. Не му дозволи на нашиот шампион да размислува за било какво изненадување.
Во третото коло, во викендот кој следува, на 15. октомври, МЗТ Скопје Аеродром го чека уште едно тешко гостување. Одат во Подгорица, каде следува дуелот против уште еден од топ-фаворитите за највисок пласман во АБА лигата - Будуќност.