МЗТ Скопје Аеродром направи уште еден голем чекор во битката за опстанок во регионалното натпреварување. Во натпревар во кој го имаа водството во најголем дел, на крајот, во финишот, кога беше и најпотребно, го скршија отпорот на жилавиот ФМП.
И стигнаа до четвртата победа во АБА лигата која ги држи шансите за бегство од последното место на табелата.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФМП 87:82
По неполни пет минути, ФМП со осум поени на расположениот Изунду, поведе со (10:2), знак за Драган Николиќ да побара минута за одмор, но и за измени на стартните пет.
Го остави во игра само Војдан Стојановски...
Без успех, МЗТ Скопје почна и продолжи деконцентрирано, во двете насоки... Тешко им одеше во реализацијата на домашните кошаркари, но ако ништо друго, беа малку подобри во одбраната.
И со помош на дефанзивата се приближија, прво на (9:16), потоа (11:17), за крајот на првата четвртина да го дочекаат со негатива од „само“ четири поени (13:17).
Крстевски, Кук и Кефи го вратија тимот од Аеродром кон егал, (22:23), во нецели три минути игра во втората четвртина.
Првото водство за „сино-белите“ на мечот, го донесе, со тројка, Кефи, за (25:23). Истиот играч, со својот десетти поен во полувремето, во 17. минута. донесе и највисока предност за екипата-домаќин (33:30).
Но видливо беше дека МЗТ Скопје нема течност во играта, во организација на нападите, и дека се некако се сведуваше на индивидуалните квалитети. Причина што ФМП најде решенија за таквата поставка во играта на македонскиот шампион, доволно за да го врати водството на својата страна. На полувремето, гостите од Железник со серија од шест поени, дојдоа до идентично водство (38:35).
Но видливо беше дека МЗТ Скопје нема течност во играта, во организација на нападите, и дека се некако се сведуваше на индивидуалните квалитети. Причина што ФМП најде решенија за таквата постака во играта на македонскиот шампион, доволно за да го врати водството на својата страна. На полувремето, гостите од Железник со серија од шест поени, дојдоа до идентично водство (38:35).
Рамноправно се играше и во продолжението на дуелот во СЦ „Јане Сандански“. По поентирањето на Миќовиќ, на средината од третата четвртина, резултатот беше нерешен (50:50).
„Металците“ водеа, но не повеќе од три поени (54:51), па (58:55). Но само до моментот кога положи Војдан Стојановски, за највисоки (60:55), ситуација од 29. минута од играта. За иницирање-пролонгирање на серијата на поени, која ја затвори со далечна тројка – Кефи за сега веќе високи (65:56), по три одиграни четвртини.
Не продолжија во ист стил домашните кошаркари во четвртината на одлука. Како да дојде редот на ФМП да дава поени кои не беа одговорени од страна на нашиот претставник во регионалното онатпреварување. Се приближија гостите на само еден поен негатива, (66:67), по серијата од (10-2).
Но Бурсаќ (со точен обид за три поени) и Вер го одбија тој напад, за водство на МЗТ Скопје (72:68), и 5:40 минути за играње.
Она што го правеше сосема добро Кефи, во минутите на одлука продолжи да го прави Дастин Вер. Го врати својот тим кон онаа добитна комбинација, на 3:21 минута до крајот, тимот од Аеродром одново се одвои, сега на (81:73). Со помош на Бурсаќ, кој даде уште една тројка, домаќините изградија уште повисоки (84:75). И што е поважно остана далеку помалку време за ривалот за нова „потера“.
Следниот натпревар за МЗТ Скопје Аеродом во АБА конкуренцијата е закажан за 12. март кога во Белград му гостуваат на младиот состав на Мега, Интересно, овој меч од 21. коло е во неделен утрински термин - 12 часот.